Соопштенија

ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ: Честитка за парламентарните избори!

ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ (ПП) ја честита победата на Претседателските и Паламентарните избори на Коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со очекување дека дадените ветувања на граѓаните на Републиката истите ќе ги исполнат, и тоа без занемарување, или загрозување на напредокот на земјата во процесот на зачленување во ЕУ.

ПП, раководејќи се од своето мото „Чесно! Сплотено! Одлучно!“, со внимание и во најдобар интерес на граѓаните на Македонија ќе ги следи и принципиелно ќе реагира на начинот и динамиката на реализирање на прокламираните политики на победничката коалиција, а особено: – за подобар стандард на граѓаните и обезбедување на континуиран и стабилен напредок на економијата, стопанството, енергетиката, земјоделието, туризмот, инфрастуктурата и услужните дејности. – за функционални реформи во државата и неселективна и принципиелна борба против корупцијата на сите рамништа, почнувајќи од врвовите на веќе ендемските коруптивни парамиди, како и против непотизмот и клиентелизмот. – за грижа и унапредување на здравството, образованието, семејството и семејните традиционални односи, како и за зачувување на стабилноста и сигурноста на земјата.

ПП особено ќе посвети внимание на најавените промени во политиките за грижа за бројната пензионерска популација. Тие политики не смеат да се претворат во еднократна, преодна и долгорочно недефинирана мерка со која се деградираат веќе стекнатите права на пензионерите и кои би резултирале со загрозување на стабилноста на Пензиските фондови и редовноста и можноста за исплата на пензиите.

Потврдуваме дека како политичка партија ќе останеме активни критичари и коректори на грешките кои ќе ги утврдиме во политиките и постапките на новите власти, како што и досега правевме во коалицијата на која припаѓаме, а секогаш раководејќи се од најдобрите и заеднички интереси на сите граѓани на Македонија.

ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ ЧЕСНО! СПЛОТЕНО! ОДЛУЧНО!

Прикажи повеќе

Поврзани вести

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Skip to content