ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА ПАРТИЈАТА

ПOTПРЕТСЕДАТЕЛ НА ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ

ЕФРЕМОВСКИ  ДОБРЕ,  роден во Крива Паланка, Република Северна Македонија, Македонец, Државјанин на РСМ.

По завршување на Основно образование  година во Матејче, Куманово, завршува Средно воено училиште во Задар – Република Хрватска по што е распореден на работа како активен воен старешина на служба  во ЈНА командир во трупна служба – гарнизон Кичево, а потоа во Скопје.

Дипломира Правен факултет во Скопје во 1982. година, по што со Указ и Наредба на ССНО – Белград  работи како офицер – дипломиран правник во воените правосудни органи  во ЈНА и тоа  Воен суд – Скопје, Воено обвинителство – Скопје и Воено правобранителство – Скопје

По  положувањето на  Правосудниот испит, од 1986. до 1989. година работи во Политичко правен орган во команда на корпус,  гарнизон Приштина – САП Косово како Заменик воен правобранител.

Во 1989. Година со Указ на  Претседателството на СФРЈ е именуван за Судија во Воен суд во Скопје и работи во истрага за сторени кривични дела,  се до 1992. година

Од 1992. до 1997. година со Одлука на Министерот за одбрана на РМ поставен е како  Самостоен правен советник на Помошник министерот  за безбедност и разузнавање на Министерството за одбрана на РМ.

Во 1997. Година со одлука на Собранието на РМ именуван е на функција Заменик јавен обвинител во Основното јавно обвинителство – Скопје каде работи до 2004. година.

Од  Ноември 2019. година до Март 2022. Година со Решение на Владата на Република Северна Македонија извршува функција Директор на Републичка управа за прашања на борците и воените инвалиди.

Има завршено повеќе стручни усовршувања и основни курсеви за работа со ПС компјутери, во правната област како и повеќе  курсеви во одбраната и безбедноста.

Back to top button
Партија на пензионери