Соопштенија
Партијата на Пензионери, на сите работници, работнички и пензионери им го честита 1 Мај, меѓународниот ден на трудот
![](https://ppenzioneri.mk/wp-content/uploads/2024/04/Cestit-1-Maj-Penzioneri-780x470.png)
Партијата на Пензионери, на сите работници, работнички и пензионери им го честита 1 Мај, меѓународниот ден на трудот !!!
Истовремено даваме полна поддршка на сите оние кои се борат за подобри услови за работа во согласност со највисоките европски стандарди, таму каде и тежнееме и каде мора да стигнеме.
Исто така ја поддржуваме и заложбата против политичката и бизнис злоупотреба на работничките права, во било каков облик.
1 Мај е и ќе остане ден на сите оние кои се бореле и ќе се борат за она што е основа на секоја економија, РАБОТНИКОТ.
ЗАЕДНО, МОЖЕМЕ И МОРАМЕ !!!
Партија на пензионери
Чесно, Сплотено, Одлучно