Соопштенија

ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ: Честит Ден на армијата

Партијата на пензионери, на сите активни и пензионирани припадници на АРМ им го честита 18 Август, Денот на Армијата.

Сите Вие со Вашата заложба и посветеноста на професијата допринесувате за обезбедување на мирот и безбедноста на сите граѓани на земјата и истовремено со членството во НАТО, на големото меѓународно семејство на земјите членки на алијансата.

Вашата пожртвуваност, лојалноста и подготвеноста да дејствувате во најпотребните моменти, го потврдуваат Вашиот професионализам и придонесот во остварувањето на безбедносните цели за добробит на граѓаните и целото општество во нашата земја.

Исто така Ви посакуваме да и во иднина достоинствено ги продолжувате историските светли традиции на Вашите претходници од двата Илиндена кои со кристално чиста визија за својата историска улога, државотворно знаеле да ја изберат правата победничка страна во светските премрежја на своето време.

Нека е честит 18 Август, Денот на Армијата.

Прикажи повеќе

Поврзани вести

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Skip to content