Листа на информации од јавен карактер
Врз основа на член 9 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Северна Македонија“, бр. 101/2019), членовите 1 и 9 ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ (во понатамошниот текст ПП) подготви и објавува:
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
1) Информации кои се однесуваат на дејствувањето на политичката партија, а се утврдени со законите во Република Северна Македонија и актите на политичката партија.
• Статут
• Програма на партијата
2) Основни податоци за контакт со политичката партија и тоа: назив, адреса, телефонски број, број на факс, мејл адреса и адреса на интернет- страницата;
3) Биографии за претседателот на ПП, потпреседателите на ПП, генералниот секретар на ПП, организациониот секретар на ПП и основни податоци за органите и комисиите на партијата;
4) Основни податоци за контакт со службеното лице за посредување со информации во политичката партија и тоа: име и презиме, мејл адреса и телефонски број;
5) Законите со кои се уредува начинот, условите и постапката за основање, регистрирање и престанок на политичките партии; со кои се уредува начинот и постапката на обезбедување на финансиските средства, располагањето со средствата за тековната работа и дејствувањето на политичката партија, како и начинот на контрола на финансирањето и финансиско-материјалното работење на политичките партии; со кои се уредува начинот на формирањето, организацијата, функционирањето и финансирањето на партиските истражувачко-аналитички центри при политичките партии, како и Закон за учество на Избори, законот за водење сметководство на непрофитни организациии, законот за заштита на личните податоци и законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси
• Закон за политички партии
• Закон за финансирање на политичките партии
• Закон за Партиско истражувачко аналитички центри
• Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер
• Изборен законик
• Закон за сметководството на непрофитните организации
• Закон за заштита на лични податоци
• Закон за спречување на корупцијата и судирот на интереси
6) Информации кои се однесуваат на приходите расходите за редовно работење на Партијата на пензионери
• Годишен извештај на донации (член 25 од Законот за финансирање на политичките партии)
• Годишен финансиски извештај((член 27 од Законот за финансирање на политичките партиикој содржи податоци за вкупните приходи со вкупен износ на донации, подароци, прилози, дотации,спонзорства, кредит, пари, материјални средства, опрема, услуги, сопствени приходи, членарина, легати и друго како и вкупните расходи)
7) Информации кои се однесуваат по обврски од Законот за слободен пристап до информации
• Годишни извештаи за спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а кој е доставен до Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер во тековната година за претходната година;
• Образец – барање за слободен пристап до информации од јавен карактер и образец за жалба;
• Барање за пристап до информации од јавен карактер
• Образец за жалба
• Информации кои се однесуваат на висината на надоместокот за материјалните трошоци за дадената информација, утврдени од страна на Владата на Република Северна Македонија, а во согласност со член 28 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно Одлуката за утврдување надоместок за материјалните трошоци за дадената информација.