Соопштенија

ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ: Повик за масовно учество во вакцинацијата против SARS-cov-2 вирусот

Повик за масовно учество во вакцинацијата против SARS-cov-2 вирусот и давање личен придонес на пензионерите и повозрасните граѓани за ПОСИГУРЕН ЖИВОТ ЗА НАС И НАШИТЕ ПОТОМЦИ

Почитувани сопартијци од ПП, пензионери и сите останати граѓани,

Ние, пензионерите и другите повозрасни граѓани, во изминатиот период бевме предводници во процесот на имунизација против КОВИД-19 во земјата. Тоа го правевме поради загриженоста како да обезбедиме посигурна и подобра иднина за нас, нашите најблиски и нашите потомци. Но битката со оваа зараза е далеку од добиена. Затоа, повторно, ГИ ПОВИКУВАМЕ СИТЕ ГРАЃАНИ, заедно со нас, масовно со вакцинирање да придонесеме во искоренување на епидемијата.

КОВИД-19, повторно, не предупредува да ги почитуваме пропишаните здравствени протоколи и неодложно да го исполниме граѓанското право и обврска за чување на јавното здравје. Веќе е крајно време секој поединечно и сите заедно да придонесеме да се создаде колективен имунитет против „чумата на ова време“, зошто секое колебање и одлагање го плаќаме со човечки животи.

Како Партија на пензионери, го разбираме стравот кај поединци создаден од негативните кампањи и негирања на болеста. Но жестоко ги осудуваме залагањата и настапите во јавност кои имаат за цел, преку ширење страв и паника, да влијаат на неприфаќање на вакцинацијата. Таквите залагања се спротивни на препораките на СЗО и се базираат исклучиво на шпекулации и манипулирање со „теории на заговор“.

ЗАТОА, ВЕ ПОВИКУВАМЕ  ДА ПРИСТАПИМЕ КОН ВАКЦИНАЦИЈА И СПЛОТЕНИ ДА ГО СОВЛАДАМЕ ОВА ЗЛО НАДВИЕНО НАД ЦЕЛОТО ЧОВЕШТВО.

 

Во Скопје, 16.09.2021 година                                               ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ

Прикажи повеќе

Поврзани вести

Прегледај исто така
Close
Back to top button
Партија на пензионери