Соопштенија

ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ: Повик за поддршка на пописот

Да го подржиме и масовно да учествуваме во ПОПИСОТ, за да помогнеме во остварување претпоставки за ПОДОБАР И ПОСИГУРЕН ЖИВОТ ЗА НАС И НАШИТЕ ПОТОМЦИ
Почитувани сопартијци од ПП, пензионери и сите останати граѓани,
Ние, пензионерите, како луѓе со богато животно искуство, загрижени, а мотивирани да обезбедиме подобра и предвидлива иднина за нашите најблиски и потомците, ГИ ПОВИКУВАМЕ СИТЕ ГРАЃАНИ, заедно со нас, активно, одговорно и масовно да учествуваат на претстојниот попис.
Во моментов и покрај предизвиците пред кои, сите нас, не исправа епидемијата со КОВИД-19 е мошне значајно, почитувајќи ги пропишаните здравствени протоколи, да ги исполниме граѓанското право и обврска, така што секој поединечно и сите заедно на државата ќе и обезбедиме веродостојни статистички податоци, врз база на кои, сегашната но и идните власти, ќе ги креираат политиките кои се од егзистенцијално значење за развиток на општеството, здравството, образованието, економијата и безбедноста, со цел остварување подостоинствен и посигурен живот за идните генерации.
Како Партија на пензионери, ги осудуваме иницијативите за бојкот на пописот.
Со бојкот и апстиненција само се уназадува општеството, се зголемува нетолеранцијата и се поттикнува омразата.
ВЕ ПОВИКУВАМЕ ЗАЕДНО ДА ПОКАЖЕМЕ ДЕКА МОЖЕМЕ ДА ОСТАНЕМЕ СПЛОТЕНИ КАКО НАЦИЈА, ДЕКА, ФОКУСИРАНИ КОН ИДНИНАТА, МОЖЕМЕ ДА ГО СОВЛАДАМЕ СОМНЕЖОТ И ВО ДУХОТ НА ТАКВОТО ЗАЕДНИШТВО МАСОВНО ДА УЧЕСТВУВАМЕ ВО ПОПИСОТ НА НАСЕЛЕНИЕТО.

Во Скопје, 25.03.2021 година ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ

Прикажи повеќе

Поврзани вести

Прегледај исто така
Close
Back to top button
Партија на пензионери