Соопштенија

Поддршка на предлог законското решение за поседување на единствено македонско државјанство

Партијата на пензионери, во потполност го поддржува влегувањето во собраниска процедура на Предлог Законот со кој би се забранило да пратениците во македонското Собрание поседуваат двојно државјанство, што е едно од нашите залагања како партија одсекогаш.
Исто така бараме и ја подржуваме идејата да ова правило се имплементира за сите избрани функционери на сите рамништа на управа во целата земја. Со донесување на еден оваков Закон, би се решиле и отфрлиле сите идни можни препукувања помеѓу политичките фактори во земјата околу тоа кој и како работи за странски интереси и воедно би се исклучиле сите можности за директно непринципиелно и злонамерно коментирање на било кои странски политичари и Влади.

Партија на пензионери

Прикажи повеќе

Поврзани вести

Прегледај исто така
Close
Back to top button
Партија на пензионери