ЗАГРИЖЕНОСТ ЗА ГОЛЕМИТЕ БАНКАРСКИ ПРИВИЗИИ

Партијата на пензионери, изразува огромна загриженост и воедно им укажува на банките за високите надоместоци и провизии за основните банкарски услуги, кои се дефинитивно највисоки во регионот.
Токму затоа Партијата на пензионери апелира до Владата и Собранието за донесување на закон за олеснување на граѓаните на пристап до основните банкарски услуги, односно ослободување на граѓаните од плаќање провизии за основните банкарски услуги, како што се помеѓу другите и плаќање на сметки за комунални услуги.
Целта е да се овозможи на сите граѓани, а особено на пензионерите и сите други ранливи категории, пристап до основните финасиски услуги без дополнителни трошоци. Тоа значи банките повеќе да не смеат да наплаќаат провизии за основните услуги ако корисникот прима плата, пензија или други редовни примања на својата сметка. Тоа значи дека пензионерите и другите ранливи категории ќе можат без провизија да подигаат готовина на шалтерите и банкоматите на сите банки.
Партијата на пензионери редовно ќе ги информира пензионерите за банките кои имаат најповолни услови за основните банкарски услуги.
Исто така напоменуваме дека во некои земји во регионот банките не наплаќаат надоместоци за отворање, затварање, одржување на платежните сметки, како и за други основни банкарски услуги.
Чесно, Сплотено, Одлучно !!!
Партија на пензионери