Интервју

ВИДЕО ИНТЕРВЈУ со Илија Николовски, претседател на Партијата на пензионери

Деновиве ќе се изгласа законот за финансиска поддршка на социјално ранливите граѓани и помошта навреме ќе стигне и до пензионерите и до другите граѓани со ниски примања, порачува претседателот на Партијата на пензионери Илија Николовски во интервјуто за „Слободна ТВ“.

Николовски вели дека до нив стигнале прашања од пенизонери дали за помошта од 750, односно 1.500 денари, што ќе се дава на оние со пониски пензии, треба да се достави некое барање.

– Сакам да ја искористам оваа прилика и да објаснам дека пензионерите не треба да пополнуваат никакви барања, Фондот за ПИОМ си ги има податоците и помошта автоматски ќе ја добијат. За сите пензионери кои имат пензија до 11.525 денари, неколку дена по добивањето на пензијата, ќе стигне и првата рата од 1.500 денари и така ќе добиват во наредните 4 месеци. Пензионерите кои имат пензија од 11.526 до 14.000 денари ќе добијат по 750 денари во наредните 4 месеци – вели Николовски.

Од март пензионерите, согласно законската регулатiва може да очекуваат ново усогласување, така што половина од износот на пензијата ќе се корегира со растот на просечната плата, а половина со растот на инфлација.

– Ние како Партија на пензионери се залагаме за комбиниран метод на усогласување на пензиите и оној момемнт кога ќе се осети дека пензиите могу заостануваат во однос на повисоките пенизии, да има поголемо зголемување на пониските пензии. Пензионерите мора да разберат дека пензијата не е социјална, туку е економска категорија – вели Николовски.

Во однос на енергетската сиромаштија, Николовски вели дека дел од пензионерите ќе влезат во пакетите со таа намена, но она за што искажа посебна загриженост е цената на огревното дрво – енергент на кој се грејат многу пензионери. Тој посочи дека во бизнисот со дрва гледа криминал и корупција и информираше дека Владата е подготвена за соодветна реакција.

Целото интервју погледајте го на видеото:

Прикажи повеќе

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Skip to content