Активности

Средба на Претседателот на ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ Илија Николовски и Ген. секретар Миле Андоновски со Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски

Претседателот на Партија на пензионери Илија Николовски и Ген. секретар Миле Андоновски, на 02.10.2020 година, остварија работна средба со Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

На средбата, која помина во конструктивна атмосфера и уважување на предлозите на ПП од страна на Министерот Спасовски, помеѓу другото, потврдена е потребата, заради допрецизирање, да се поведе постапка за уште една изменана став 6 од членот 174 од Законот за внатрешни работи, така што ќе бидат опфатени и преостанатите пензионери од МВР, кои правото на пензија го оствариле во периодот од 1 јануари 1994 година до 20 март 2010 година, а имале стаж покус од 40 години.

На средбата исто така е потврдено дека во Собранието, во најскоро време, ќе продолжи постапката за донесување на измените на Законот за безбедност во сообраќајот, во кои, покрај другото, се предвидува подигање на прагот на продолжувањето на важењето на возачките дозволи за  повозрасните граѓани од 70 на 75 години, што е предлог на ПП.

ПП, после оваа средба, со уважување ја истакнува подршката добиена од страна на Министерот Спасовски, особено заради опстојување на заложбите за воедначување на правата и недискриминација на пензионери и повозрасните граѓани.

 

Во Скопје, 03.10.2020 година                                     ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ  

Прикажи повеќе

Поврзани вести

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Skip to content