Соопштенија
Повик за помош на настраданите во катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија
Партијата на Пензионери изразува најдлабоко сочуство до народите и граѓаните на Република Турција и Сириската Арапската Република по повод катасрофалните земјеотреси кои веќе одзедоа повеќе од илјада животи и повеќе илјади жители се повредени.
Ги повикуваме сите членови на ПП како и сите граѓани на Република Северна Македонија, да во рамките на своите можности допринесат за помош на сите настрадани подрачја во Турција и Сирија, во светло на помошта која нашата земја ги има примено од овие пријателски земји во најтешките моменти за нашата земја.