Соопштенија
Партијата на пензионери, изразува најдлабоко жалење и искрено сочуство до семејството на трагично починатата Вања Ѓорчевска
Насилството од било каква најдолна побуда, кое е насочено кон било кого а нарочито кон деца заслужува најостра осуда од сите граѓани и сите институции во земјата.
Во исто време им пружаме потполна поддршка на сите институции одговорни за потполно решавање на случајот со желба истиот да биде донесен пред релевантните судски органи.
Граѓаните на Македонија никогаш нема да ја заборават Вања.
Нека почива во мир.