ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ: Вистината за (НЕ)донесување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата
ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА ГИ БЛОКИРАШЕ ВМРО-ДПМНЕ
Со оглед на тоа дека во последно време до ПАРТИЈАТА НА ПЕНЗИОНЕРИ, а особено до претседателот на партијата г. Илија Николовски се јавуваат повеќе граѓани над 70 години старост, со критика дека се изманипулирани и излажани во врска со продолжувањето на возачките дозволи до 75 години. Во интерес на вистината, сакаме почитуваните граѓани објективно да ги информираме во врска со овој проблем.
1.- Со влегувањето на ПП во Собранието со свој претставник во 2017 година, поднесовме Предлог за изменување и дополнување на „Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата“ со цел продолжување на важноста на возачките дозволи од 65 на 70 годишна возраст што беше прифатено од страна на МВР и Законот беше донесен во втората половина на 2017 година.
2.- Во јули 2019 ПП преку својот претставник во Собранието г. Илија Николовски поднесе нов Предлог за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата со цел важноста на возачките дозволи да се продолжи од 70 на 75 годишна возраст (член 173, 184 и 185 од предложениот закон), а потоа контролните прегледи наместо на 3 години да бидат на секои 5 години. Таквиот предлог беше прифатен од страна на МВР на чело со тогашниот министер Оливер Спасовски и беше внесен во Предлогот за изменување и дополнување на „Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата“ и при крајот на Октомври помина во владина процедура.
3.- При крајот на Ноември, Законот беше примен во Собранието и почна собраниската процедура по следниот редослед:
Прво читање, Предлогот беше разгледан во Комисијата за одбрана и безебедност и Законодавно-правната комисија на кои седници немаше забелешки од ниту една парламентарна група.
Потоа предлогот беше разгледан на Пленарна седница на Собранието, каде, исто така, немаше забелешки и Законот беше пуштен во понатамошна процедура.
Второ читање, Предлогот повторно беше вратен кај матичните комисии на разгледување, при што пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ неочекувано поднесе 8 амандмани, но истовремено со формирањето на техничката Влада, новиот министер на МВР не праќаше преставник од МВР на седница на Комисијата за одбрана и безбедност, при што седниците на оваа комисија неколку пати беа одложувани. После неколку одложувања на седниците МВР прати свој преставник и на седница на Комисијата за одбрана и безбедност и од 8-те амадмани 7 беа прифатени.
Во меѓувреме имаше неколку усогласувања со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ да нема повеќе опструкции и да дозволи да се заврши роцедуарта за донесување на „Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата“, бидејќи тоа е од заеднички интерес, особено што дел од пратениците имаат возрасни родители на кои треба да им се омозможи поедноставно да ја продолжат важноста на своите возачки дозволи.
Трето читање, за жал, иако сè беше договорено, во последен момент од неразбирливи причини ВМРО-ДПМНЕ, на неколку денови пред распуштање на Собранието поднесе повеќе од 100 амадмани и немаше време сите тие амдамани да се разгледаат. На тој начин, од неразбирливи причини, го опструираше донесувањето на овој Закон, Законот за зголемување на платите во високото образование и неколку други закони со објаснување „кога тие ќе дојдат на власт“ тие закони ќе бидат донесени. Ете тоа е вистината околу донесувањето на „Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата“.
Меѓутоа, граѓаните треба да бидат сигурни дека овој Закон ќе биде донесен веднаш по изборите и формирањето на новиот состав на Собранието во кој мнозинство ќе биде коалицијата МОЖЕМЕ, а новата Влада ќе биде предводена од истата Коалиција предводена од СДСМ.