Соопштенија

ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ: -СООПШТЕНИЕ-

Една од приоритетните  и долгорочни програмски цели на Партијата на пензионери е да го вратиме изгубеното достоинство, почит и спокоен живот на сите пензионери, а пред сѐ на обезправените пензионери од одбраната и безбедноста.

Остварувајќи ги програмските цели со задоволство можеме да кажеме дека на наша иницијатива успеавме целосно да  ја исправиме неправдата кон одредена група на припадниците на МВР и одредени групи на Армијата и МО.

Со формирањето на Партијата на пензионери и согледувајќи законските решенија во МВР донесени 2010 година веднаш пристапивме кон даваење на предлози и инсистиравме решенијата од МВР да важат и за припадниците на Армијата. За жал тогашните носители на власта немаа слух за нашите барања да се направат измени и во законот за служба во Армијата, со што износот на пензиите ќе се пресметуваше во износ од 80 проценти од десетте најповолни години.

Со влегување во парламентот Партијата на пензионери даде целосна подршка на измените на Законот за служба во Армијата со што припадниците на Армијата од 2020 година конечно ги добија правата што МВР ги имаше уште од 2010 година.

Веднаш по донесувањето на Законот, Партијата на пензионери започна со активностите на изнаоѓање на решение за примена на истиот и на лицата кои заминале во пензија од формирањето на Армијата до 2020 година. Имајќи во предвид дека се работи за повеќе различити категории на лица кои заминале во пензија по повеќе различити законски решенија од нас се бараше да направиме детална анализа со цел да не остане ниту едно лице надвор од законските решенија. Ни требаа многу разговори, контакти со институциите но и со пензионираните воени и цивилни лица од Армијата и врз основ на нашите согледувања и конструктивните предлози  излегнавме со издржлив, квалитетен и сеопфатен предлог за решавање на ова комплексно прашање. Затоа во почетокот на февруари пратеникот од нашата партија, господин Илија Николовски постави  партеничко прашање до МО, во добиениот писмен одговор јасно е искажана волјата на МО многу брзо да се лоцираат финансиски средтва и да се дојде до правда за не по наша вина обесправените  пензионери од Армијата.

Партијата на пензионери даде целосна подршка и активно се вклучи во изработката на предлогот на работната група на пензионирани воени и цивилни лица од Армијата која заедно со МО започна процес за додавање нов член 218-в во Законот за служба во Армијата.

За жал кога требаше да се расправа за предлогот на измените на Законот за служба опозицијата го блокираше со преку 2000 амадмани. Целта на тие амадмани беше да се заштитат неколку лица членови на органи и тела на политички партии а се оштетија нашите професионални војници и соработници од Армијата кои чекаат да заминат во пензија под понудените поповолни услови.

Само една недела по блокирањето на предлог Законот опозицијата излезе со свој предлог на Закон за измени и дополнување на Законот за служба во Армијата. Набрзина изработениот предлог Закон всушност претставува делумен препис на законот што претходно го блокираа со понудени две нови решенија, за кои веруваме дека и самите се свесни дека се неиздржливи и дека нема да бидат прифатени но ќе се постигне целта да се изманипулира јавноста. Воочувајќи дека се работи за популистички предлог без претходна анализа дека со понудените нови решенија всушност се прави поделба на веќе пензионираните но и на тие што треба да заминат во пензија, пратеникот Илија Николовски се воздржа од гласањето за таквиот предлог.

Како политичка партија неможеме да подржиме предлог кој се однесува на една категорија на пензионирани, а на друга во случајов на тие со 40 и повеќе години стаж и пензионирани по Законите за ПИОСМ да не важи. Правдата ќе се постигне ако законот важи за сите категории на пензионирани воени и цивилни лица од Армијата. Истотака без да се  направи целосна анализа неприфатлив е и предлогот по сила на закон да заминат во пензија лицата од Армијата со 40 години стаж или 55 години старост. Со таквиот предлог во одреден момент може да се наруши борбената готовност на Армијата со недостиг на одредени специјалности како на пример воените пилоти и лекари.

Уште еднаш јасно и недвосмислено повторуваме ПП целосно го подржува предлогот на Владата за измени на Законот за служба во Армијата и стои зад иницијативата за додавање на нов член 218-в со кој се регулира законските одредби од членовите 218-а и 218-б важат и за сите воени и цивилни лица на служба во Армијата пензионираните од 1994 година до 2020 година без разлика по кој закон ги исполниле условите за пензионирање.

Нам не ни треба популизам и со целосни решенија на задоволство на сите во пракса одлучно ќе се бориме против сите малверзации и понатамошно обезправување на пензионерите.
Со ова соопштение ги демантираме сите невистини и говор на омраза кои една група изманипулирани и партиски обоени лица секојдневно ги шират на социјалните мрежи.
Доволно сме искусни да процениме што е добро, а што не и со уште поголема сила продолжиме во остварување на нашите програмски определби во интерес на сите.
Со почит,

Партија на пензионери
Скопје 25 мај 2021 година

Прикажи повеќе

Поврзани вести

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Skip to content