Соопштенија

ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ: Соопштение до сите баратели и корисници на пензија

ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ, за сите баратели и корисници на пензија во РС Македонија кои се чувствуваат обесправено и кои ќе се обратат за помош во Партијата, преку својата Правна комисија, ќе овозможи бесплатна правна помош и подршка во остварување на правата кои произлегуваат од пензијата. 

ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ, во целост ја подржува и се придружува кон ИНИЦИЈАТИВАТА за додавање на нов член 218-в, во  предлогот за измени на Законот за служба во Армијата, предложени од Владата на РСМ кои се доставени до Собранието, со цел, со ново утврдениот начин на пресметка на пензиите, да бидат опфатени и пензионираните воени и цивилни лица на Армијата од 1 Април 1992 година до 20 Јануари 2020 година.

ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ ги повикува Владата, МО и Собранието на РСМ најодговорно да и пристапат на оваа Иницијатива, со очекување истата да биде прифатена и предлогот за измени на Законот за служба во Армијата да се надополни со додавање и на членот 218-в.

Со донесување на Законот за изменување и дополнување на Законот за служба во Армијата од 20 јануари 2020 година (Службен весник бр 14), согласно став 7 од членот 218-а активниот воен и цивилен персонал на Армијата се стекнуваат со право на пензија во висина од 80% од просечната нето-плата што ја оствариле во текот на најповолните десет години од пензискиот стаж.

Со измените предложени од Владата на РСМ кои се доставени до Собранието предложен е нов член 218- б на Законот според кој висината на пензијата од член 218-а) став (5) од овој закон, се утврдува во зависност од должината на исполнетиот пензиски стаж, а пензиската основица во висина од 80% од просечната нето-плата што активниот воен и цивилен персонал ја остварил во текот на најповолните десет години од пензискиот стаж, се намалува за 0,5% за секоја година пензиски стаж пократок од 40 години, со што идните воени пензионери ќе добијат заслужена  поволна позиција согласно статусот на професијата.

Но со донесувањето на ваквите измени на законот, кои се во процедура, незаслужено се изоставени  значаен број приматели на пензија кои го оствариле правото на пензионирање пред донесување на овој Закон и тоа токму оние кои со својот придонес беа носители на формирањето на Армијата, ги правеа првите чекори во програмата Партнерство за мир, ги предводеа единиците на Армијата на НАТО вежбите и кои беа во првите редови во 2001 година кога беше загрозена безбедноста на државата.

Од тие причини даваме јавна и целосна подршка на иницијативата за додавање на нов член 218-в со следна содржина:

Член 218-в)

(1) На воениот и цивилен персонал кои правото на пензија го стекнале после формирањето и за време на службувањето во АРМ, во периодот од 1 Април 1992 година до 20 Јануари 2020 година согласно со одредбите од Законот за пензиското и инвалидското осигурување („Службен весник на Република Македонија – број 80/93, 3/94, 14/95,71/96, 32/97, 24/2000, 96/2000, 50/2001, 85/2003, 50/2004, 4/2005, 84/2005, 101/2005, 70/2006, 153/2007, 152/2008, 161/2008, 81/2009, 156/2009, 83/10, 156/10, 24/11, 51/11 и 11/12), или Законот за служба во Армијата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ број 36/10, 23/11, 47/11, 148/11, 55/12, 29/14, 33/15, 193/15 и 71/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 101/19),  ќе им се изврши нова пресметка на пензијата од страна на ФПИОМ на РС Македонија, согласно со ставот (7) на член 218-а и членот 218-б во целост.

(2) Правото на користење на ново пресметаниот износ на пензијата од ставот (1) на овој член ќе го остваруваат од првиот ден на наредниот месец од денот на поднесување на барањето за извршување на новата пресметка.

Во Скопје, 17.02.2021 година                                                     ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ                            

Прикажи повеќе

Поврзани вести

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Skip to content