ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ: Повозрасните од 67 години ќе може да излегуваат како и сите други граѓани
ПАРТИЈАТА НА ПЕНЗИОНЕРИ, со задоволство информира дека, Владата и Уставниот суд, ги исполнија барањата и заложбите на Партијата за воедначување на времетраењето на ограничувањето за движење на повозрасните граѓани во земјата, во време на постоење на вонредна состојба.
ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ, во корелација со ЗП и СЗПМ, во изминатите денови јавно ги истакнуваше своите заложби за воедначување на времетраењето на ограничувањето на движење на повозрасните граѓани во земјата со работноактивните граѓани, во периодот додека трае вонредната состојба, со потенцирање на потребата од почитување на мерките за самозаштита и заштита на јавното здравје од страна на сите граѓани.
Искажувајќи задоволство од одлуката на Владата, со која ограничувањето е воедначено, како и дека се прифатени заложбите на Партијата на пензионери, ЗП и СЗПМ, ПП констатира дека им е овозможено на пензионерите и повозрасните граѓани, во порелаксирани услови и во време кога ним најмногу им одговара, да ги извршуваат своите обврски и да се посветат на своите секојдневни слободни активности.
ПП уште еднаш апелира, пензионерите и повозрасните граѓани, како и досега, да се однесуваат одговорно, да ги почитуваат мерките за заштита од епидемијата и да не се излагаат на непотребни и дополнителни ризици, бидејќи според сите досегашни сознанија се најзагрозен дел од популацијата од заразата.
Во Скопје, 14.05.2020 година ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ