Соопштенија

ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ: Осуда за срамното однесување на пратениците од опозиционите ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса на албанците и Алтенатива

ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ го осудува лицемерното, срамното, ненародното и деструктивно однесување на пратениците од опозиционите ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса на албанците и Алтенатива, кои наместо да стојат на дадениот збор за деблокирање на Собранието, по којзнае кој пат потврдија дека никогаш искрено не се залагале за потребите на социјално засегнатите граѓани, работниците и економијата.

Пратениците на опозиционите ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса на албанците и Алтернатива, користејќи го фактот дека мнозинството во Собранието, кое е тесно, поради епидемијата со Ковид-19 ќе се соочува со проблем за обезбедување на потребен кворум за работа, со непринципиелни и подли преседани и постапки, кои во основа секогаш се на штета на граѓаните и по кои се познати во целиот период на нивното делување, со месеци го држат во „заложништво“ Собранието и неопходно потребната помош за голем број на граѓани, компании и економијата, а сега го одложија донесувањето на 5-от пакет на мерки за помош.

„Договорот“ за одблокирање на Собранието е општ, тој покрај другото условува и меѓусебно да се повлечат, можеби и претходно взаемно договорени, илјадници амандмани, со кои воведоа преседан за вршење непринципиелен притисок за се и сешто. Договорот всушност подразбира дека позицијата и опозицијата нема да го злоупотребуваат отсуството на заболените пратеници од Ковид-19.

Но како и секогаш досега пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и АА, понесени од сопствените фрустрации, а во обид да се прикажат како „добрите момчиња“, пак се вратија на тоа што најдобро го знаат да манипулираат, спинуваат, да ја искривуват вистината и тоа секогаш на грбот на народот.

Но граѓаните го „прочитаа“ нивното лицемерие и лажен патриотизам оптоварен со завист, подмолност, конфликтност и деструкција.

Нивните блокади се „прочитани“ и ќе бидат поразени, измените на законите донесени, а граѓаните, работниците, компаниите и економијата ќе ги добијат своите плати и неопходно потребната државна помош.

Во Скопје, 16.04.2021 година                                                                      ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ

Прикажи повеќе

Поврзани вести

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Skip to content