Соопштенија

ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ: Осуда за палењето на државното знаме

Партијата на пензионери, најостро го осудува палењето на државното знаме за време на прославата на денот на Албанското знаме во Скопје и во потполност ги поддржува државните институции во решавањето на овој криминален чин.

Партијата на пензионери уште еднаш нагласува дека почитувањето на правниот поредок и државните симболи се основни универзални вредности кои исто така важат и во ЕУ како една од нашите заеднички стратешки цели за кои се изјаснија сите политички партии во земјата како и огромното мнозинството на нашите граѓани од сите националности и вероисповести.

Партија на пензионери

Прикажи повеќе

Поврзани вести

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Skip to content