ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ: Новогодишна честитка
Партијата на пензионери, на сите пензионери и граѓани на Републиката им ја честита Новата 2025 година, со најискрени желби за добро здравје, успех, среќа и благосостојба во сите семејства во државата.
Нека Новата ’25 ни донесе единство и сплотеност, како и мудрост, чесност и трпелива истрајност на патот кон подобрата иднина.
И во 2025 год. Партијата на пензионери ќе продолжи со својата грижа за подобрување на статусот на пензионерите, реално зголемување на сите пензионерски бенефити, преку донесување на нов Закон за Пензиско осигурување.
Партијата на пензионери исто така ќе продолжи со поддршката на сите политики и активности кои и понатака ќе не водат на патот кон подобра реалност и иднина на сите нас.
СРЕЌНА НОВА 2025 година.
Чесно, Сплотено, Одлучно !!!
Партија на пензионери