Соопштенија
ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ: Честитка по повод Светскиот ден на медиумите
Партијата на пензионери, на сите новинари, медиумски работници како и на сите медиуми во земјата им го честита Светскиот ден на медиумите.
Медиумите денес претставуваат една од главните алатки на демократијата и секако се едни од главните коректори на секоја власт и на секоја опозиција, а со цел за благовремено и бескомпромисно точно известување на македонската јавност за биднувањата во сите сегменти на нашето општество.
Во таа насока им даваме безрезервна целокупна поддршка на сите медиумски работници и го осудуваме секој политички, бизнис и било каков друг вид на притисок врз истите.
Вашата историски и општествено докажана благородна дејност секогаш заслужува повеќе.