Соопштенија
ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ: Честитка по повод денешниот христијански празник Св. Ѓорѓија
Партијата на пензионери, на сите православни членови на партијата и на сите православни граѓани, им го честита големиот христијански празник Свети Ѓоргија, со желба за добро здравје и долг живот и истиот да го поминат со најдобрите традиции на христијанството.
Исто така на сите кои денес слават именден и слава, им посакуваме истите да си ги прослават во душевен мир и спокојство со своите најблиски.