Одржано редовно собрание на партијата
ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ, на 07.03.2020 година, во Скопје одржа Редовно СОБРАНИЕ на ПП, на кое, покрај статутарни обврски, се разработени прашања и донесени одлуки и документи во врска со вонредните избори за Собрание на РС Македонија, кои ќе се одржат на 12.04.2020 година.
Донесена е Програма за работа на ПП, како платформа за политичко дејствување на партијата во период 2020 – 2030 година.
Програмата ги определува црвените нишки на нашата стратегија за планираните политичка цели и активности со понуда за заедничко реализирање во рамки на коалицијата. Содржински, Програмата се темели на императивот за консензус во кој „човекот е на прво место”, разработена во програмски прилози за политики на партијата за достоинствена старост и пензии, за подобро здравство и здравје, социјални политики за солидарно општество, за образованието и младите, животната средина, како и други сегменти кои се значајни за општествената заедница и државата.
Усвоен е извештајот за работењето на ПП, во период до одржувањето на седницата на Собранието, поднесен од Претседателот г-дин Илија Николовски.
ПП усвои листа на можни кандидати за пратеници од партијата, со која ќе настапи, во преговорите во рамки на коалицијата, при конечното оформување на изборните листи.