Изборно Собрание на Општинската Организација на Партијата на пензионерите на Македонска Каменица
На ден 24.09.2022 година во Македонска Каменица, во присуство на претседателот на ПП Илија Николовски и генералниот секретар на ПП Киро Ристовски, се одржа Изборно Собрание на Општинската Организација на Партијата на пензионерите на Македонска Каменица.
На почетокот на Собранието, претседателот на партијата Илија Николовски имаше воведно обраќање, при што нагласи дека Партијата на пензионерите нз Република Северна Македонија е партија на центарот, социјална партија и тежиште оваа година ќе биде на внатре партиски избори. Исто така нагласи дека се планира, по сеопсежни консултации на научни експерти, да се изврши ребрендирање на партијата, со вклучување на работниците и младите. Партијата се залага за донесување на Закон за минимална просечна и минимална пензија и пензиите редовно да се усогласуваат. Минималната пензија да биде 70% од минималната плата и минималната просечна пензија да биде 60% од просечната плата. Партијата се залага да на примателите на минимална пензија им се даваат финансиски социјални пакети.
За претседател на Општинската Организација едногласно е избран Стојковски Здравко, за потпетседател Владо Стаменковски и за секретар Љубе Костадиновски.