Соопштенија

Цени на лековите !!!

Партијата на пензионери, изразува голема загриженост од тенденцијата на високите цени на лековите и другите медикаменти и суплементи во земјата.
Фактот што имаме најскапи лекови во регионот е показател дека граѓаните и посебно големата пензионерска популација трошат големи финансиски средства и од така своите скромни пензиски примања.
Партијата на пензионери бара и ја потикнува и поддржува Владата во донесување на соодветни системски мерки и алатки кои ќе допринесат за регулирање и контрола на овој многу битен сегмент од секојдневниот живот на пензионерите и граѓаните, и кои ќе ја стабилизираат и долгорочно нивелираат цената на лековите.
Здравјето на нашите граѓани мора да биде политички приоритет на сите парламентарни и вонпарламентарни субјекти во општеството.

Чесно, Сплотено, Одлучно !!!

Партија на пензионери

Прикажи повеќе

Поврзани вести

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


Прегледај исто така
Close
Back to top button
Партија на пензионери
Skip to content