ОСНОВНИ ЗАЛОЖБИ НА ПАРТИЈАТА НА ПЕНЗИОНЕРИ

 

СТАТУТ НА ПАРТИЈАТА НА ПЕНЗИОНЕРИ

  1. Заштита на со Уставот и законите утврдени права на пензионерите и сите социјално загрозени граѓани, подобрување на нивната материјална и социјална положба и нивното достоинство во општеството,
  2. Изградба на општество на социјална правда и солидарност на сите граѓани,
  3. Изградба на правна држава на демократски основи и владеење на правото
  4. Изнаоѓање решенија за интеграција на земјата во евроатланските институции;

ВИДИ СТАТУТ

 

ПРОГРАМА НА ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ

Во средиште на Програмата на ПП се луѓето (граѓаните), особено пензионерите и младите на кои, со чесно, одлучно и доследно дејствување на политичката сцена, им обезбедуваме гаранции за политичките, економските и социјални права, без разлика на полот, образованието, професијата, имотната состојба, националната, верската или било која друга припадност или обележје.

  1. Нашата Програма е ПОНУДА НА ДОГОВОР СО ГРАЃАНИТЕ, со чија подршка и доверба СЕ ОБВРЗУВАМЕ, дека ќе ги вложиме сите свои сили и знаења да ги реализираме нaшите цели,
  2. Општествено – економскиот интерес за пристоен и достоинствен живот на секој граѓанин во нашата држава е основната идеја што цврсто го одржува политичкото единство на ПП. Етничката, верската, јазичната и другите видови припадност на членството ги третираме како посебно богаство кое ја одликува оваа Партија.

ВИДИ ПРОГРАМА

Back to top button
Skip to content