Нека ни е честит и вековит националниот празник 11-ти Октомври, Денот на Востанието на Македонскиот народ
Партијата на пензионери, на сите граѓани на Република Северна Македонија, им го честита 11 Октомври, Денот на Востанието на Македонскиот народ.
На овој светол ден, ја одбележуваме 82-та годишнина од почетокот на антифашистичката борба во Македонија, со која длабоко визионерски застанавме рамо до рамо со сите прогресивни сили во светот во тоа време.
На овој ден мораме да им оддадеме најдлабока почит и благодарност на сите борци и учесници во народно-ослободителното востание кои се вградиле во темелите на современата македонска државност.
Чествувајќи ја сопствената славна историја и слободата, ние современите генерации на македонски граѓани, ова наше востание мораме да го ставаме на пиедесталот на историјата и реалноста во креирањето на вистинската приказна за слободна, самостојна, независна и суверена Република Северна Македонија.
Нека ни е честит и вековит националниот празник 11-ти Октомври, Денот на Востанието на Македонскиот народ.