Соопштенија

СООПШТЕНИЕ – РЕАКЦИЈА на ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ во врска со соопштението на ЛЕВИЦА

Кулминација на лажните вести е денешното соопштение на партијата Левица дека претседател на Партијата на пензионери е Темелко Ристевски. Прво, претседател на Партијата на пензионери е  Илија Николовски што многу добро му се познато на лидерот на Левица. Второ, Партијата на пензионери јавно го објави партискиот став во однос на протестите на групи пензионери кој ви го пренесуваме.. Секое извртување на тезите поврзано со ставот на Партијата на пензионери претставува свесно манипулирање со пензионерите преку користење на евтина пропаганда полна со невистини и лажни вести.

 

Партија на пензионери, со внимание, ги проследи протестите на групи пензионери,  поради што искажуваме загриженост дека некои политички партии повторно со манипулации се обидуваат да придобијат наклоност од неинформираните пензионери, во функција на нивната политичка агенда која не нуди никакви реални и поволни придобивки за пензионерите.

 

Партија на пензионери секогаш и со разбирање ги проследува иницијативите, кои доаѓаат од пензионерите, доколку се остварливи и се однесуваат на подобрување на материјалниот статус и економска сигурност на пензионерите.

 

Според нашите анализи, компарирани со решенија што се применуваат во пензиски системи слични на нашиот, сегашниот модел на усогласување на пензиите кој ги следи трошоците на живот и пораст на платите е најреален и најповолен за сите корисници за пензија, со забелешка дека треба да се изнајде поповолно решение за корисниците на минимални пензии.

 

Во функција на таа цел, фокусна група за ПП се корисниците на најниските пензии, поради што, во рамки на коалицијата поведовме иницијатива и отпочнавме разговори со Владата за донесување ново законско решение за утврдување на достоинствен износ на минимална пензија, која во дадените околности би обезбедила посигурен живот на корисниците, без притоа да ја загрози стабилноста на пензискиот систем и редовната исплата на пензиите.

 

Партија на пензионери, исто така, изготви и предлог на мерки за солидарна финансиска подршка на пензионерите со примања до просечна пензија, како решение кое би се применувало во сите случаи кога ќе биде загрозена егзистенцијаната стабилност на овие корисници на пензии.

 

Партија на пензионери, која посветено работи на изнаоѓање на решенија за овие прашања, апелира пензионерите да не наседнуваат на паушални и нереални иницијативи, зад кои всушност се затскриваат политички партии кои само сакаат да ги искористат маките на пензионерите за свои политички цели што немаат никаква поврзаност со пензионерите и нивните проблеми.

Во контекс на искажаното се гледа дека еден од политичките субјекти кои манипулираат со пензионерите е и Левица, бидејќи некои нејзини членови со натросечни пензии се обидуваат да манипулираат со маките на социјално загрозените пензионери. Токму затоа ги прашуваме преставниците на Левица за чии интереси се вклучуваат во манипулациите со пензионерите.

Партијата на пензионери како и досега секогаш ќе биде на страната на пензионерите и другите социјално загрозени граѓани. Во тој контекс правната служба на Партијата  на пензионери како и досега нуди правна помош на сите пензионери на кои им е потребна таква помош.

Конечно, Партијата на пензионери не се вклучи во протестите, бидејќи иницијативниот одбор се оградува од секакво партиско и политичко влијание иако во Иницијативниот одбор има преставници од повеќе опозициски партии.

Во Скопје, 14.08.2023 година

ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ

Прикажи повеќе

Поврзани вести

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Skip to content