Соопштенија

ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ: Појаснување во врска со зголемувањето на пензиите

Со оглед на тоа дека кај пензионерите има различни толкувања во врска со усогласувањето (зголемувањето) на пензиите, а со цел сите пензионери да бидат објективно информирани, Партијата на пензионери ја користи оваа прилика да ги информира пензионерите за законските решенија за усогласување (зголемување) на пензиите и тоа:
1. Пензиите се усогласуваат двапати во годината според порастот на трошоците за живот и тоа на 1 јануари и 1 јули секоја година. Врз основа на тоа зголемената пензија за 2,1%  од 1 јануари 2021 година е извршена врз основа на ззголемените трошоци на живот во второто пологодие од 2020 година.
Просечно пензиите беа зголемени за 185 денари, односно 134 денари на ниво на најниски пензии. Следното усогласување ќе биде од 1 јули 2021 година според процентот на пораст на индексот на трошоците на живот.
2. Од 2019 година, покрај редовното усогласување се воведе уште едно усогласување во случај кога бруто домашниот производ во претходната година има реален пораст повеќе од 4%. За жал оваа година, поради Корона кризата, оваа тешко ќе се реализира.
3. Покрај напред наведените начини на усогласување од 2020 година, врз основа на одлука на Владата се воведе уште едно дополнително усогласување во случај кога има пораст на минималната плата во тековната година за повеќе од 15% и пораст на просечната плата во претходната година за повеќе од 5%. На тој начин се прати и порастот на платите. Таков случај беше на почетокот на 2020 година кога пензионерите добија зголемување за 720 денари.
Партијата на пензионери и во иднина редовно и објективно ќе ги информира пензионерите за сите промени и новини во врска со пензиите и правниот и социјален статус на пензионерите.
Прикажи повеќе

Поврзани вести

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Back to top button
Skip to content