Соопштенија

Бојкот на маркетите

Бојкот на маркетите Партијата на пензионери, во потполност ја разбира и ја поддржува граѓанската иницијатива за бојкот на маркетите на ден 31.01.2025 г., на која се повикува на социјалните мрежи во земјата. Пензионерите како една од економски најзагрозените категории во општеството, длабоко е засегната од вкоренетата пракса на огромен број на трговци и трговски ланци за манипулација и изигрување на Законот за нефер трговски практики, што дефинитивно претставува акт за најостра осуда.

Затоа Партијата на пензионери во целост ја поддржува иницијативата и ги повикува своите членови, сите пензионери и граѓани да го покажат својот став со конкретна акција за бојкот на сите оние кои на грбот на сите нас остваруваат енормни, нефер и неетички финансиски профити. Во исто време Партијата на пензионери бара и ја поддржува Владата во преземања на крајни и ефикасни мерки за конечно и долгорочно решавање на оваа константна пракса на трговците во земјата.

Чесно, Сплотено, Одлучно !!!

Партија на пензионери

Прикажи повеќе

Поврзани вести

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Skip to content