Соопштенија

ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ: Осуда за злоупотреба на цените

Партијата на пензионери, најостро ја осудува праксата на трговците за злоупотреба и манипулација на цените во овој претпразничен период. Во ова предизвикувачко време за голем дел од пензионерите и граѓаните со мала економска и финансиска моќ, ваквото однесување на трговците е во најмала рака неморално и неетички.
Партијата на пензионери во исто време дава и најголема поддршка на државните институции кои искажуваат воља но воедно имаат и обврска да се борат и да го регулираат и санкционираат самоволието во овој сегмент на секојдневието на пензионерите и сите граѓани во земјата.
Чествувањето на сите празници во овој период не е и не смее да биде привилегија само на мала група добростоечки поединци и личности, туку е и основно достоинствено човечко право на сите граѓани во државата.

Чесно, Одлучно, Сплотено !!!

Партија на пензионери

Прикажи повеќе

Поврзани вести

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Skip to content