ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ: Соопштение
ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ (ПП), ја поздравува Одлуката на Владата предводена од Премиерот Димитар Ковачевски, во која, покрај другото, се прифатени и заложбите на ПП, во новиот пакет на антикризни мерки, во наредните четири месеци, да се исплатат парични средства за помош на сите пензионери кои примаат пензии со износ до 14.000,оо денари.
ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ (ПП), констатира дека Димитар Ковачевски како Премиер на Владата и Претседател на СДСМ, во изминатите неколку месеци на наши интензивни комуникации посветени на пензионерскиот стандард, се докажа како конструктивен и одговорен партнер, искажувајќи подготвеност, во рамки на стварните можности на државата, да ги прифати конструктивните предлози и да преземе конкретни законски измени со кои се подобрува стандардот на сите пензионери, како и мерки со кои целно се помага на најзагрозените пензионери.
Донесениот сет на мерки, кој треба да се реализира во наредните четири месеци, на околу 100.000 пензионери ќе им го зголеми приходот за по 1,500,оо денари, а на околу 35.000 за 750,оо денари месечно.
Прифаќајќи ги еднократните мерки, како времени решенија во кризни состојби, ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ ја информира јавноста дека со несмалена решеност ги продолжува Програмските заложби за:
- законско утврдување на износот на минималната пензија на 70% од минималната плата и донесување на нова методологија за начинот и формата на исплата на таквата пензија;
- просечна пензија во износ од 60% од просечна плата; и
- редовна еднократна парична помош, во услови на кризи, на корисници на пензии со понизок износ од просечната (минимална, семејна, земјоделска).
Во Скопје, 12.10.2022 година ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ