Соопштенија

Во ОО на ПП-Центар одржан свечен собир на Партијата на пензионери

ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ

Ул. Филип II Македонски, ОГУДУ Кочо Рацин, канцеларија 49, Скопје.

Телефон: 070/278-944, 076/443-066, 070/302-798,

E-mail:partijanapenzioneri@gmail.com

 

С  О  О  П  Ш  Т  Е  Н  И  Е

Денес, 22 јуни 2023 година, согласно заклучокот и одлуката од неодамна одржаниот Конгрес на Партијата на пензионери, во Општинската организација на ПП-Центар се одржа пригоден свечен собир во присуство на потесниот состав на Претседателството на партијата.

Во оваа прилика на повеќе членови на Партијата, за посебни заслуги во формирањето, развојот и дејствувањето, од страна на претседателот на Партијата, пензионираниот генерал и пратеник во Собранието Илија Николовски и претседателот на општинскиот одбор на ПП – Центар, проф. д-р Алекса Стаменковски им беа врачени доделените јубилејни благодарници

На состанокот беа реафирмирани основните програмски цели и задачи на Партијата на пензионери, како застапник и гласноговорник на пензионерите, но и на невработените, на младите и социјално загрозените и маргинализирани категории на граѓани, во време и услови кога борбата за економска и социјална еднаквост и правда се поставуваат како услов за општествен напредок.

На состанокот Партијата на пензионери искажа непоколеблива подршка на борбата против  корупцијата и криминалот кои се длабоко навлезени во сите области, а создавањето на услови за започнување на пристапните преговори за полноправно членство во Европската Унија, по што следува процес на прилагодување на институциите, воспоставување на нови стандарди и вредности, го гледа како единствено ефективен начин во таа борба.

Служба за односи со јавноста

Прикажи повеќе

Поврзани вести

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Прегледај исто така
Close
Back to top button
Skip to content