СТАВ на ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ во врска со најава за формирање СЗП ПЕНЗИОНЕРИ ЗА ДОСТОИНСТВЕН ЖИВИОТ
ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ, поради загриженост за понатамошно влошување на состојбите во пензионерското организирање, јавно искажува негативен став и осуда на иницијативата за формирање на „паралелен“ Сојуз на здруженија на пензионери – Пензионери за достоинствен живот, бидејќи тоа е проект на антиевропскиот политички блок во земјата, кој има за цел, преку политичко делување на поединци со сомнителни намери, да направи незаконски упад во пензионерските здруженија.
Партија на пензионери, како единствен политички субјект на пензионерите во земјата, има обврска да реагира секогаш кога со нечие делување се загрозува положбата и остварените права на пензионерите во Македонија, поради што, оценувајќи дека иницијативата за формирање на „паралелен“ Сојуз на здруженија на пензионери – Пензионери за достоинствен живот е активност со такви намери и цели, јавно искажуваме негативен став и осуда на истата.
Дополнителна причина за објавување на овој став на ПП е фактот дека зад ваквите намери стои групата „активисти“ предводени од Драган Угриновски кој е експонент на политички партии во земјата кои се декларираат како антиевропски и прават се, во функција на својата изборна кампања и претставување, со лажни и неостварливи барања да создадат атмосвера на нетрпеливост и конфронтација, прикажувајќи се како „жртви“ во политичкиот натпревар, за да бидат подржани од бројните пензионери. Ова особено поради фактот дека, иако искажуваат „примамливи“ но неостварливи барања, никој од нив јавно не објави ветување за мерки кои ќе ги преземе за подобрување на економската и социјална положба на пензионерите доколку, во иднина, бидат фактор кој ќе одлучува.
Партија на пензионери, апелира пензионерите да не наседнуваат на нереални и злонамерни иницијативи, кои имаат за цел, со правење раздор во пензионерското организирање, поединци да остварат лични користи и бенефити за политичките субјекти кои ги подржуваат. Апелираме пензионерите со личен ангажман во своите здруженија да дадат придонес во надминување на воочените проблеми во нивното делување и работа, бидејќи никој друг нема да изнајде подобри решенија за проблемите кои ги мачат.
Во Скопје, 24.10.2023 година ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ