Собранието на Партијата на пензионери, врз основа на чл.11,12,14, и16, а во врска со чл.27 од Законот за политичките партии (Службен весник на РМ бр.76/04, 5/07, 8/07, 5/08 и 23/13) и чл.45 алинеја 1 и чл.46 ст.2. од Статутот на партијата, на седницата одржана на 10.06.2023. година, го донесе следниот:
С Т А Т У Т
НА ПАРТИЈАТА НА ПЕНЗИОНЕРИ
(ПРЕЧИСТЕН ТЕКСТ)
ОПШТИ ОДРЕДБИ
Предмет на Статутот
Член 1
Статутот на ПАРТИЈАТА НА ПЕНЗИОНЕРИ (во понатамошниот текст Партија) ги уредува: Името и седиштето на Партијата, Симболите и визуелниот идентитет, Изгледот и содржината на печатот на Партијата, Основните начела на организирањето и дејствувањето, Програмските цели и задачи, Условите и начинот на зачленување и престанок на членувањето, Правата и обврските на членовите, Застапување на Партијата, Постапката за измена и дополна на Програмата и Статутот, Постапка за донесување на измените на останатите општи акти на Партијата, Остварување на јавност во работата, како и Начинот на одлучување од значење за работата и дејствувањето на Партијата.
Име и седиште на Партијата
Член 2
Име на Партијата е: ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ
Скратено име е: ПП
Седиштето на Партијата е во Скопје, на ул. Мирче Ацев бр.4, Граѓански универзитет, канцеларија 49.
Партијата е правно лице, запишано во Единствениот регистар на политички партии кој се води кај надлежниот Основен суд Скопје 2.
Симболи на визуелниот идентитет на Партијата
Член 3
Симболи на Партијата се амблемот и знамето.
Амблемот на Партијата е претставен како правоаголник, поделен во четири триаголника наизменично обоени во црвена и жолта боја, а десно со црвена боја е испишана кратенката ПП. Под нив во правоаголна лента со црвена боја со бели букви е испишано името на партијата ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ. Завршна подлога е хоризонтална линија во црвена боја.
Знамето на партијата е правоаголник во размер 1:2 со бела боја, во средина на знамето се наоѓа амблемот на Партијата, а во подлога на знамето, по цела должина е лента обоена во виолетова боја
Изглед и содржина на печатот
Член 4
Печатот на Партијата има кружна форма со дијаметар од 31 милиметар. Во средина на печатот се наоѓа амблемот на Партијата, а по краевите е запишано со Кирилско писмо: Партија на пензионери.
Печатот на Општинските одбори има ист облик и димензии и следниот текст: Партија на пензионери – Општински одбор , со името на местото на седиштето на Одборот. Во средината на печатот се наоѓа амблемот на Партијата. Текстот е напишан на Македонски јазик и со Кирилско писмо, а во општините со повеќе националности со јазикот и писмото на националностите, ако со Статутот на општините е утврдено дека се во службена употреба.
Основни начела на организирањето и дејствувањето
Член 5
Партијата е политичка, самостојна и доброволна организација чии основни цели и дејствија се насочени кон: Заштита на со Уставот и законите утврдени права на пензионерите и сите социјално загрозени граѓани, подобрување на нивната материјална и социјална положба и нивното достоинство во општеството, заздравување и стабилен развој на националната економија врз принципите на пазарната економија, заштита на правата на вработените, изградба на општество на социјална правда и солидарност на сите граѓани, изградба на правна држава на демократски основи и владеење на правото, целосна и рамноправна здравствена заштита на граѓаните, усовршување на системот на образование, наука , култура, спорт и уметност, заштита на животната средина, развој на земјоделството и подобрување на условите за живот на село, изградба на ефикасни системи за одбрана, безбедност и судство за целовитост на земјата, заштита на личната и имотната сигурност на граѓаните и подобрување на соработката со соседните држави, останатите држави и меѓународни организации на рамноправна база. Партијата во правниот систем дејствува како едно правно лице.
Член 6
Партијата соработува со други политички партии во земјата и во други држави, како и со здруженија на граѓани, во прв ред со Сојузот на пензионери на Македонија и останатите здруженија на пензионери, невладини организации, во согласност со програмските документи на Партијата.
Член 7
За остварување на програмските цели и задачи, Партијата, раководејќи се од начелата на
политичкиот легитимитет и легалитет, ги користи демократските, парламентарните и ненасилните вонпарламентарни средства.
Член 8
Основните принципи на организирање и дејствување на Партијата се темелат врз:
- Територијална основа;
- Демократско одлучување;
- Поврзаност на Партијата и нејзините функционери во власта;
- Јавност во работењето;
- Рамноправно учество во однос на национална, верска и родова застапеност.
Програмски цели и задачи
Член 9
Основна цел на Партијата е да учествува во власта, односно во сите институции на системот во Република Северна Македонија, од каде што ке може да креира политики за остварување на својата програма, особено за:
- Остварување на темелните вредности на уставниот поредок на Република Северна Македонија;
- Целосно почитување на човекот, неговото достоинство и неговите граѓански и политички права и слободи;
- Афирмација на правата и слободите на обесправените и маргинализирани поедници и групи и рамноправност на половите;
- Грижа за рамноправни меѓунационални односи;
- Економски развој со создавање на услови за решавање на проблемот на невработеноста, животниот стандард и социјалниот статус на пензионерите и другите социјални групи;
- Изнаоѓање решенија за интеграција на земјата во евроатланските институции;
- Максимално користење на поволни средства од меѓународните финансиски институции, банки и други инвеститори со цел интензивирање на економскиот развој;
- Воспоставување и проширување на соработката со дијаспората;
- Инфраструктурна изградба на земјата;
- Развој на селата и недоволно развиените општини;
- Ефикасно искористување на природните ресурси, согласно со начелото за одржлив развој;
- Производство на здрава храна и нејзин извоз и др.
Услови за зачленување и престанок на членството
Член 10
Член на Партијата може да биде секој полнолетен граѓанин, кој доброволно ке и пристапи на Партијата и ке потпише пристапница со која изјавува дека ги прифаќа Програмата, Статутот и другите акти на Партијата, подготвен е да работи на нивна реализација и кој не е член на друга политичка партија.
Членството во здруженија и други организации, чии цели и задачи не се во спротивност со Програмата и целите на Партијата, не се пречка за негово членство. За прием во членство на Партијата, како и за исклучување од членство одлучува општински одбор.
Членска карта, потпишана и заверена со печат, ја издава општински одбор кој е надлежен според местото на живеење на членот.
Матичната евиденција на членството во Партијата ја водат општинските одбори а централната евиденција ја води Генералниот секретар на Партијата.
Членството во Партијата престанува:
- Со истапување од Партијата,
- Со донесување конечна одлука на надлежен орган за исклучување од членството во Партијата;
- Со бришење од евиденција за членство, и
- Со настапување на смрт на членот.
Член 11
Член на Партијата се брише од евиденцијата на членство кога:
- Писмено или усмено извести за напуштање на Партијата;
- Пристапи кон друга политичка партија,
- Истапува во јавноста во име на друга политичка партија или неовластено изнесува во јавноста ставови и податоци кои му штетат на угледот на Партијата;
- Се кандидира на избори без согласност на Партијата.
Член 12
Член на Партијата за чие однесување и дејствување општинските и повисоките органи на Партијата ке оценат дека е насочено против одлуките на партиските органи, Статутот и програмските принципи и му штети на угледот на Партијата, не може да остане член на Партијата.
Органот кој ќе утврди дејствување спротивно на целите на Партијата е должен да го исклучи членот од Партијата и за тоа да ги извести неговиот територијално надлежен општински одбор.
Член 13
Иницијатива за покренување на дисциплинска постапка против член на Партијата, преку дисциплинската комисија, може да иницира било кој орган на Партијата.
Мерките кои можат да се изречат во дисциплинска постапка и начинот на спроведување на истата ги уредува Правилникот за дисциплинска одговорност, кој го донесува Извршниот одбор на Партијата.
Член 14
Партијата има почесни и поддржувачки членови. Почесен член на Партијата може да биде лице кое со својата работа и залагање дало значаен придонес за остварување на целите на Партијата. Прогласувањето на почесен член го врши Централниот одбор на Партијата, на предлог на Претседателот на Партијата.
Поддржувачи на Партијата можат да бидат поединци или правни лица, кои со парични и други прилози, како спонзори и донатори, придонесуваат за остварување на целите на Партијата. Одлуката за прогласување на поддржувачки член ја донесува Извршниот одбор на Партијата.
Член 15
Правата на членовите на Партијата се еднакви. Секој член има право:
- Да избира и да биде избран во сите органи на Партијата;
- Да учествува во сите активности на Партијата;
- Да биде информиран за сите активности на Партијата;
- Слободно да го изразува мислењето во Партијата и не може да биде повикан на одговорност за изнесеното мислење или гласање во рамките на Партијата;
- Да покренува иницијативи и дава предлози;
- Да добие заштита од Партијата ако биде загрозен поради извршување партиски активности;
- Да бара, преку ополномоштен орган на Партијата, толкување на Статутот од страна на Статутарната комисија на Партијата;
- Да остварува и други права утврдени со Статутот и останатите акти на Партијата.
Член 16
Обврски на секој член на Партијата се:
- Да се придржува кон Статутот и Програмата на Партијата;
- Да ги застапува и остварува програмските начела и политичките ставови и одлуки на Партијата во јавноста;
- Да ги почитува и спроведува ставовите и одлуките на органите на Партијата;
- Да работи на зачувување и унапредување на угледот на Партијата;
- Посебно да се ангажира во изборна кампања и да се залага за успех на Партијата на избори;
- Редовно да плаќа членарина;
- Членот кој остварува примања кои произлегуваат од мандатот добиен од Партијата, а не се однесуваат на редовни примања (месечни плати од редовен работен однос, пензии и слично) плаќа дополнителна членарина во износ поголем за 100% во однос на редовната членарина која ја плаќаат членовите на Централниот одбор на Партијата;
- Да извршува и други обврски во согласност со Статутот и општите акти.
Член 17
Одлука за висината на членарината и нејзината распределба донесува Извршниот одбор на Партијата.
Членот може да и помага на Партијата материјално, финансиски и со сите други форми утврдени со Законот.
Членот не може да остварува дополнителни или посебни права затоа што материјално или финансиски и помага на Партијата.
Членот на Партијата кој не платил членарина за 4 и повеќе месеци не може да биде избран, ниту да извршува функции во органите на Партијата, ниту да биде кандидиран за избор на функции во органи на локална управа и државни органи.
Пред истекот на рокот од ст.4 на овој член Општинскиот одбор е должен на членот кој не ја исполнува својата обврска за плаќање членарина да му достави писмено предупредување за последиците од неплаќањето на членарината.
Членот кој не платил членарина 4 и повеќе месеци, привремено губи право на гласање и одлучување во партијата. Ова не се однесува на оние членови што се ослободени од плаќање членарина.
Доколку членот на Партијата од ст.6 на овој член по писменото предупредување ја плати членарината, повторно се стекнува со сите права согласно овој Статут.
Член 18
Евиденцијата за уплата на членарината ја водат општинските одбори и за тоа поднесуваат полугодишен извештај до Генералниот секретар на Партијата.
Застапување на Партијата
Член 19
Партијата ја застапува нејзиниот Претседател пред:
- Институции на политичкиот систем,
- Меѓународни институции;
- Странски политички партии,
- Домашни и странски пишани и електронски медиуми.
Претседателот може да го овласти Претседателот на Централниот одбор или некој потпретседателите да го застапува во отсуство.
Постапка за измена и дополна на Статутот и Програмата и постапка за донесување на измени на останатите општи акти на Партијата
Член 20
Измени и дополненија на Статутот и Програмата и на другите општи акти на Партијата изготвува Статутарната комисија врз претходно собрани предлози од општинските собранија, а по предлог на Централниот одбор на Партијата ги донесува Конгресот на Партијата.
Остварување на јавност во работата и начин на одлучување од важност за работата и дејствувањето на Партијата
Член 21
Работењето на органите и телата и формите на дејствување се јавни. Јавноста во работењето и дејствувањето на органите и членството на Партијата се остварува преку пишани и електронски медиуми, интернет презентации, организирање на конференции за печат, јавни собири, трибини и тркалезни маси и други форми и облици на работа. Исто така, по пат на други, со закон регулирани средства со кои се воспоставуваат односи, се влијае врз членството и почитувачите на Партијата, како и врз останатите граѓани и избирачи во Македонија. По исклучок, партиски орган може да ја исклучи јавноста од своето работење, за што ке донесе одлука пред започнување на седницата.
ОРГАНИЗАЦИЈА И ОРГАНИ НА ПАРТИЈАТА
Член 22
Партијата е единствена политичка организација, која го опфаќа целото членство и сите организациски облици и облици на дејствување на Партијата.
Член 23
Сите органи на Партијата, како и нивните членови и функционери имаат мандат во траење од четири години.
Секое лице може да биде повторно избрано.
Член 24
Партијата е организирана на територијален принцип, и тоа на локално и Републичко ниво.
На локално ниво, основен облик на организирање се општинските организации.
На Републичко ниво се формира Републичка организација на Партијата.
Организирање на Партијата на локално ниво (Општинска организација)
Член 25
Општинската организација ја сочинуваат месните одбори, односно членовите на Партијата од територијата на една или повеќе општини.
Минималниот број членови за донесување одлука за основање општинска организација е 30 члена од истата општинска организација.
Одлува за основање и престанок на работа на општинска организација донесува Централниот одбор на Партијата.
Член 26
Органи на општинската организација се:
- Собрание;
- Претседател;
- Општински одбор,
- По оценка и одлука на Општинскиот одбор или Централниот одбор на Партијата – Месен одбор, и
- Надзорен одбор.
Собрание на општинската организација
Член 27
Собранието е највисок орган на општинската организација.
Седниците на Собранието на општинската организација може да бидат изборни и работни.
Седниците на изборното собрание може да бидат редовни и вонредни.
Изборни седници на Собранието се одржуваат на секои четири години, редовни седници на две години, а вонредните по потреба.
Собранието го свикува и со седницата раководи Претседателот на општинскиот одбор.
Вонредно изборно Собрание се свикува на барање на најмалку една третина од членството и на барање на Извршниот одбор на Партијата.
Претседателот на општинскиот одбор е должен да свика седница на Собранието во рок од 15 дена од денот кога е поднесено барањето.
Член 28
Собранието на општинската организација го сочинуваат:
- Општински одбор;
- Надзорен одбор, и
- Членови на општинската организација избрани во органите на власта на сите рамништа.
Член 29
Надлежности на собранието на општинската организација:
- Избира и разрешува Претседател, два потпретседатели, секретар и благајник, кои се воедно и раководство на општинскиот одбор;
- Избира и разрешува членови на општинскиот одбор;
- Избира и разрешува надзорен одбор;
- Избира и разрешува органи и тела на општинската организација;
- Го усвојува извештајот за работа на општинскиот одбор и надзорниот одбор;
- Го одобрува извештајот за финансиското работење на општинскиот одбор;
- Донесува Деловник за работа на собранието на општинската организација;
- Усвојува Програма за работа на општинската организација.
Член 30
Собранието работи и полноправно одлучува ако на седницата присуствува мнозинство од вкупниот број на членови на Собранието.
Собранието одлучува со мнозинство од присутните членови.
Гласањето е јавно, освен ако собранието одлучи да се гласа тајно.
Општински одбор
Член 31
Општинскиот одбор е највисок политички и оперативен извршен орган, кој раководи со општинската организација меѓу состаноците на собранието.
Општинскиот одбор го сочинуваат:
- Претседател на општинскиот одбор;
- Два потпретседатели, Секретар и Благајник на општинскиот одбор;
- 10 до 20 члена кои се избираат на Собранието на општинската организација (постојан состав);
- Координатор на советничката група во Советот на општината (по функција);
На испразнетото место член на постојаниот состав Општинскиот одбор може да кооптира најмногу една третина од бројот на членови избрани на Собранието.
На член на Општинскиот одбор, кој неоправдано изостанува на три до четири последователни седници, му престанува мандатот во општинскиот одбор.
Член 32
Општинскиот одбор, во согласност со Статутот и Програмата на Партијата:
- Ја организира работата на Партијата на територијата на општината;
- Утврдува политика за дејствување на општинско рамниште и го следи нејзиното остварување;
- Ги спроведува ставовите, одлуките и задачите на повисоките органи на Партијата на територијата на својата општина и за тоа го известува Собранието на општинската организација на првата наредна седница;
- Иницира и организира политички трибини и други собири на територијата на општината;
- Ги известува членовите и јавноста за партиските ставови и политиката на Партијата;
- Донесува Деловник за работа;
- Организира и спроведува изборни активности на територијата на општината именува Изборен штаб;
- Предлага можни кандидати за пратеници и кандидати за советници во општината;
- Ја утврдува листата на кандидати за советници во советот на општината и други функционери во локалните органи, јавните птретпријатија и установи;
- Ја контролира и ја насочува работата на претставниците од Партијата во органите на локалната власт;
- Еднаш во шест месеци ја разгледува, анализира и оценува работата на советниците и останатите функционери од редовите на Партијата во општинските органи на власта;
- Дава почетни предлози за кандидати за избор во органите на Партијата;
- Подготвува и организира седници за Собранието во општинаската организација;
- Доставува предлог до Собранието на општинската организација за кандидат за Претседател на општинскиот одбор на организацијата;
- Доставува предлог до Собранието на општинската организација за кандидати за останатите функции и за членови во органите на општинската организација;
- Го иницира прашањето на одговорноста на функционери на Партијата од својата општинска организација;
- По потреба формира постојани и привремени работни тела, и ги утврдува облиците на своето дејствување;
- Го усвојува Годишниот извештај на претседателот за работата на општинскиот одбор и организацијата како и Годишниот извештај за финансиското работење на општинскиот одбор;
- Извршува други работи предвидени со Статутот и останатите општи акти на Партијата.
За својата работа и за спроведување на одлуките и ставовите на органите на Партијата Општинскиот одбор одговара пред Собранието на општинската организација и пред Извршниот одбор на Партијата.
Член 33
Седница на Општинскиот одбор закажува и со неа претседава Претседателот на Општинскиот одбор, најмалку еднаш во два месеца, а по потреба и почесто. Претседателот е должен да свика вонредна седница на барање од најмалку 1/3 на членовите на Општинскиот одбор
во рок од 15 дена од поднесување на барањето. Одлуките се донесуваат со мнозинство гласови од присутните членови на Општинскиот одбор.
Член 34
Од моментот на распишување избори за советници и пратеници, Општинскиот одбор ја извршува функцијата на општински изборен штаб. Со изборниот штаб раководи Претседателот на Општинскиот одбор. Изборниот штаб за својата работа одговара пред Извршниоот одбор на Партијата.
Претседател на Општински одбор
Член 35
- Ја претставува и застапува Општинската организација;
- Раководи со Општинската организација и Општинскиот одбор;
- Одредува работи и задачи на потпретседателите, членовите и секретарот на општинскиот одбор;
- Ополномоштува потпретседател, кој ке го заменува во негово отсуство за период до три месеци;
- Одговорен е за информирање на членовите на Партијата и пошироката јавност за политиката и нејзините ставови;
- Раководи со организирање и спроведување на изборни активности;
- Се грижи за севкупното финансиско работење.
Претседателот на Општинскиот одбор за својата работа е одговорен пред Собранието на општинската организација и пред Извршниот одбор на Партијата.
Член 36
На Претседателот на општинскиот одбор функцијата му престанува со завршување на мандатот.
Пред истекување на мандатот, на Претседателот на општинскиот одбор функцијата му престанува:
- Со оставка;
- Со престанок на членство во Партијата;
- Со отповикување од страна на Собраниетио на Општинската организација;
- Со разрешување од страна на Извршниот одбор на Партијата, кога не ја спроведува Програмата, Статутот и одлуките на органите на Партијата.
Иницијатива за отповикување на Претседател на општински одбор до Собранието на општинската организација може дадостават 1/3 од членовите на Општинскиот одбор. Иницијативата содржи причини заради кои се бара отповикување. Одлуката по покренатата иницијатива за отповикување, Општинскиот одбор за донесува со тајно гласање. Ако Собранието го отповика Претседателот, на истата сендница се избира нов.
Член 37
Општинскиот одбор може да има најмногу два потпретседатели. За својата работа потпретседателите му одговараат на Општинкиот одбор и на Претседателот на општинскиот одбор.
Член 38
На потпретседател на Општинскиот одбор функцијата му престанува на ист начин и постапка како и на претседателот.
Член 39
Секретарот на општинскиот одбор:
- Организира и извршува администартивно-технички работи во општинскиот одбор;
- Се грижи за евиденција на членови во општинската организација;
- Организира дистрибуција на изборен и пропаганден материјал и материјал за состаноци на органите;
- Извршува и други задачи што ги одредува Претседателот на општинскиот одбор.
Секретарот за својата работа одговара пред Општинскиот одбор и Претседателот на Општинскиот одбор.
Надзорен Одбор
Член 40
Надзорниот одбор извршува надзор врз вкупното финансиско работење на Општинската организација и за тоа поднесува извештај до Собранието на општинската организација, најмалку еднаш годишно.
Надзорниот одбор има Претседател и два до четири члена, кои не може да се избнираат од составот на општинскиот одбор.
Член 41
Членовите на општинската организација дисциплински се одговорни за непочитување на Статутот и останатите акти на партијата пред Општинскиот одбор.
Начинот и постапката за спроведување на дисциплинската постапка ја пропишува со Правилник Извршниот одбор на партијата
Месен одбор
Член 41а
По оценка и одлука на Општинскиот одбор на општинската организација, или Централниот одбор на Партијата, во рамките на територијата на општинската организација се основаат Месни одбори, како основен облик на политичко дејствување и остварување на правата и обврските на членовите на Партијата на определено подрачје на дејствување на Општинската организација.
Пред донесување на одлуката за формирање на Месен одбор, органите од став 1 на овој член проценуваат дали постојат услови за функционирање на Месниот одбор во поглед на бројноста на членовите, економската оправданост и актуелната политичка ситуација.
Минималем број членови за формирање на Месен одбор е десет члена на Партијата од соодветната општинска организација.
Член 41б
Членовите на Месниот одбор избираат Претседател и Секретаријат од пет члена, а во случај на бројност помалку од 20 членови, Претседател, Заменик птретседател и Благајник.
Месниот одбор се состанува најмалку еднаш во три месеци, а по потреба и почесто. На состаноците се води записник кој го доставува до општинската организација.
Месниот одбор полноправно расправа и одлучува во колку на состаноците присуствуваат најмалку 1/3 од членовите, а одлуките се усвојуваат со мнозинство гласови од присутните.
Форуми на жени и млади
Член 41в
Во рамките на Општинската организација и на повисоко ниво на организираност на Партијата, членовите можат да се организираат во форуми на жени и на млади и да дејствуваат со свои претставници.
Форумите на жени и млади дејствуваат во рамките на Партијата и ја прифаќаат Програмата и Статутот на Партијата.
Организирањето и распуштањето на форумите на жени и млади и начинот на дејствување ги уредува Централниот одбор на Партијата.
Член 41г
Форумот на жените на Партијата работи на унапредување на статусот и положбата на жените во општеството и се бори за рамноправно учество на жените во органите на власта и локалната самоуправа.
При избирање на органи во Партијата, се води сметка за пропорционална застапеност на жената.
Член 41д
Форумот на млади се бори за правата на младите во сите сегменти во општественото живеење, особено во рамките на образованието, вработувањето, здравствената заштита, спортот и сите актуелни случувања од интерес за младите.
Форумот на младите избира свои органи и претставници на сите нивоа на организациска поставеност на Партијата, согласно одлуката на Централниот одбор на Партијата.
ОРГАНИЗАЦИСКА СТРУКТУРА И ОРГАНИ И ТЕЛА НА ПАРТИЈАТА
Член 42
Органи на Партијата, чија надлежност се простира на целата територија на Македонија, се:
- Конгрес;
- Централен одбор;
- Претседател;
- Статутарна комисија;
- Надзорен одбор, и
- Суд на честа.
Конгрес на Партијата
Член 43
Конгресот е највисок орган на Партијата.
Конгресот на Партијата може да биде изборен и работен.
Редовните седници на Конгресот се одржуваат на секои 4 години а вонредните по потреба.
Конгресот го свикува и со него претседава Претседателот на партијата.
Вонредна седница на Конгресот може да се свика на барање на:
- Централниот одбор на Партијата, и
- Две третини од општинските одбори.
Претседателот на партијата е должен да свика вонредна седница на Конгрес во рок од два месеци од денот на поднесеното барање.
Член 44
Конгресот го сочинуваат членови по функција и членови избрани од општинските одбори.
Членови по функција се:
- Сите членови од постојаниот состав на Централниот одбор;
- Сите членови на Извршниот одбор;
- Претседателите на општинските организации;
- Сите членови на Статутарната комисија;
- Сите членови на Надзорниот одбор;
- Пратеници и функционери кои ги избира Собранието на РМ;
- Носители на највисоки функции во органите на власта, и
- Претседатели и Координаторот на советите на Партијата
Бројот на членовите од општинските организации во Конгресот на партијатаго одредува Извршниот одбор на Партијата, според критериуми утвредни од страна на Централниот одбор на Партијата и според големината и составот на општинската организација.
Член 45
Надлежност на Конгресот:
- Донесува Програма и Статут на Партијата и нивни измени и дополнувања, и ја утврдува општата стратегија на политичкото дејствување на Партијата;
- Донесува декларација (политичка платформа) и ги утврдува насоките и ставовите по определени прашања;
- Го разгледува и одобрува извештајот на Претседателот на партијата за работа на Партијата меѓу две седници на Конгресот;
- Го разгледува и прифаќа извештајот на Статутарната комисија и Надзорниот одбор;
- Го избира и разрешува Претседателот на Партијата;
- Ги избира и разрешува членовите на постојаниот состав на Централниот одбор на Партијата, по предлог на Извршниот одбор на Партијата;
- Ја избира и разрешува Статутарната комисија и Надзорниот одбор на Партијата;
- Донесува Деловник за работа;
- Одлучува за престанок на работа на Партијата, и
- Разгледува и други прашања од значење за Партијата.
Член 46
Конгресот одлучува полноважно ако е присутно мнозинството од вкупниот број членови на Конгресот.
Конгресот донесува одлуки со мнозинство гласови од присутните членови. Одлуките ги донесува со јавно гласање, ако со Деловникот за работа не е утврден друг начин.
Централен одбор
Член 47
Централниот одбор е највисок орган на одлучување во Партијата меѓу две седници на Конгресот. Централниот одбор е одговорен за остварување на Програмата и политичките ставови кои ги усвоил Конгресот на Партијата.
Член 48
Централниот одбор го сочинуваат:
- Претседател и потпретседатели на Партијата;
- Извршен одбор на Партијата;
- Генерален секретар на Партијата;
- Организационен секретар на Партијата;
- Портпарол на Партијата;
- Претседатели на општинските организации;
- Републички пратеници;
- Членови на Владата;
- Претседатели и Координаторот на Советите;
- Претседателите на форумите на жени и млади, и
- Постојаниот состав од 40 членови на Партијата кои ги избира Конгресот;
За време на својот мандат Централниот одбор може да кооптира (на испразнети места) до една третина од членовите на постојаниот состав.
Присуството на претседателите на Статутарната комисија и Надзорниоот одбор на седниците на Централниот одбор е задолжително.
Член 49
Надлежности на Централниот одбор:
- Го утврдува предлогот на Програмата и Статутот на Партијата, како и нивните измени;
- Го усогласува Статутот на Партијата со законските прописи меѓу две седници на Конгресот и во случаи утврдени со закон;
- Ја утврдува политиката за развој и организација на Партијата;
- Донесува одлука за здружување во пошироки политички сојузи во земјата и во странство и за спојување со други политички партии;
- Утврдува предлог кандидати за Претседател на Партијата;
- По предлог на Претседателот на Партијата од својот состав избира Претседател на Централниот одбор со мандат од една година;
- Избира и разрешува потпреседатели на Партијата на предлог на Претседателот на Партијата и општинските организации;
- Избира и разрешува членови на Извршниот одбор на Партијата на предлог на Претседателот на Партијата;
- На предлог на Претседателот на Партијата ги избира другите членови на постојаниот состав на Централниот одбор;
- Пропишува услови и критериуми за утврдување кандидати за пратеници;
- Ја усвојува листата на пратеници;
- Донесува одлука за распишување на внатрепартиски избори;
- Донесува акт за организација и работа на Партијата;
- Бара свикување на вонредна седница на Конгресот;
- Донесува конечна одлука по приговор на одлука поднесен од пониски органи на Партијата;
- Донесува кодекс за однесување на членовите и функционерите на Партијата;
- Утврдува предлог за избор и отповикување на членови на органи и функционери, кои ги бира Конгресот на Партијата;
- Врши дополнување до една третина на членови од органи на Партијата, кои ги избира Конгресот на Партијата;
- Разгледува и утврдува Годишен извештај на Претседателот на Партијата за работа на Партијата;
- Усвојува деловници, правилници, упатства за реализирање на обврските утврдени со Статутут кои не ги донесува Извршниот одбор, како и други акти кои ги подготвува Извршниот одбор;
- Усвојува извештај за работа на Извршниот одбор;
- Усвојува извештај за работа на Надзорниот одбор;
- Донесува Деловник за работа и други општи акти на Партијата;
- Одлучува за основање и распуштање на Месни одбори и Форуми на жени и на млади во Општинските организации и во Органите на Партијата;
- На предлог на Претседателот на Партијата избира и разрешува Генерален секретар на Партијата, Организационен секретар на Партијата, Секретар за меѓународна соработка и соработка со други организации, претседатели на Статутарната комисија и Надзорниот одбор, претседатели на форумите на жени и млади, на Судот на честа и Координатор на советите во Партијата.
Одредени работи од својата надлежност Централниот одбор може да ги довери и на други органи на Партијата.
Член 50
Во посебни случаи Централниот одбор е ополномоштен да донесува одлуки од надлежност на Конгресот на Партијата, кога донесувањето на таква одлука не трпи одложување, а со неа се решава важно прашање или се спречува настанување на штетни последици за Партијата. Со ваква одлука не може да бидат дерогирани правата на членовите загарантирани со Статутот ниту пропишаните надлежности на органите на Партијата.
Одлуката донесена во согласност со став 1 од овој член Централниот одбор ја доставува до Конгресот за верификација (усвојување) на првата следна седница.
Член 51
Централниот одбор се состанува најмалку два пати годишно.
Седниците на Централниот одбор ги закажува и со нив раководи Претседателот на Партијата, а во случај на негова спреченост Претседателот на Централниот одбор, или некој од потпретседателите на Партијата.
Седниците на Централниот одбор може да бидат редовни и вонредни.
Вонредна седница може да се свика на барање на една третина од членовите на Централниот одбор.
Претседателот на Партијата е должен вонредната седница да ја закаже во рок од еден месец од денот на поднесување на барањето.
Член 52
Централниот одбор се состанува и работи ако е присутно 2/3 од членовите на Централниот одбор, а одлуките ги донесува со мнозинство од присутните членови.
Со мнозинство на гласови од вкупниот број присутни членови Централниот одбор одлучува:
- За изгласување недоверба, отповикување и разрешување на членови избрани во негова надлежност.
- За учество на избори, и
- За пристапување или откажување од коалиција.
Централниот одбор полноважно одлучува со повеќе од половина од вкупниот број на членови.
Претседател на Партијата
Член 53
Конгресот на Партијата избира Претседател на Партијата под услов да е член на партијата и во колку најмалку еден мандатен период од 4 години извршувал изборна функција во органите или телата на Партијата.
Секој член на Партијата може да се кандидира за Претседател на Партијата, ако го предложат најмалку 1/3 од општинските одбори, или со самокандидирање и ако поднел своја Предлог – програма за работа на Партијата за наредниот мандат.
Општинските одбори своите предлози за избор на Претседател на Партијата ги доставуваат до Претседателството на Партијата во пишана форма.
Членот на Партијата кој се самокандидирал за Претседател на партијата својата кандидатура заедно со Предлог- програмата за работа на Партијата за наредниот мандатен период ја доставува дирекно до Претседателството на Партијата.
Претседателството ги евидентира доставените предлози и до Централниот одбор поднесува Предлог- листа на кандидати за избор на Претседател на Партијата.
Член 54
Кандидатот кој во првиот круг на гласање освои мнозинство од вкупниот број на членови на Конгресот на Партијата се избира за Претседател на Партијата.
Доколку на изборите учествува само еден кандидат и не го освои потребното мнозинство на гласови, постапката за кандидирање и избор се повторува со нов кандидат.
Ако на изборите за Претседател на Партијата учествуваат повеќе кандидати и доколку ниеден не го освои потребното мнозинство во првиот круг, гласањето се повторува за двајцата кандидати кои освоиле најголем број гласови. Во тој случај за избран ке се смета оној кандидат кој освоил повеќе гласови во вториот круг.
Член 55
На Претседателот на Партијата функцијата му престанува по истекот на мандатот. Пред истекот на мандатот функцијата на Претседателот на Партијата му престанува со: Оставка, престанок на членството во Партијата или отповикување од страна на Конгресот.
Со мнозинство од вкупниот број на своите членови, Конгресот може да го отповика Претседателот на Партијата ако не го почитува Статутот и Програмата, или ако не ги извршува одлуките на Конгресот или Централниот одбор на Партијата.
Член 56
Надлежности на Претседателот на Партијата:
- Ја претставува и застапува Партијата;
- Се грижи за остварување на Програмата и почитување на Статутот на Партијата;
- Ги спроведува одлуките на Конгресот и Централниот одбор и раководи со Извршниот одбор и Претседателството на Партијата;
- Ги свикува и претседава со седниците на Конгресот, Централниот одбор и Извршниот одбор на Партијата;
- Ја координира и усогласува работата на органите на Партијата, пратеничката група и државните и други јавни функционери;
- Предлага кандидати за потпретседатели и секретари на Партијата со претходни консултации со општинските одбори;
- Дава согласност за избор на претседатели на општинските организации по претходна консултација со Извршниот одбор;
- Предлага кандидати за членови на Извршниот одбор на Партијата по претходни консултации со општинските одбори;
- Доставува до Централниот одбор листа на кандидати за пратеници и на носители на државни и други јавни функции по претходни консултации со Извршниот одбор и општинските одбори;
- Именува Портпарол на Партијата и советници на Претседателот за одредени прашања;
- Дава полномошно за застапување на Партијата пред суд и други државни органи, и
- Поднесува извештај за својата работа до Конгресот и Централниот одбор.
Член 57
По истекот на мандатот од четири години, Претседателот на Партијата може повторно да се кандидира за истата функција.
Член 58
Во итни случаи Претседателот на Партијата може да донесе одлука од извршен карактер од надлежност на другите органи на Партијата. Донесување на таква статутарна одлука не трпи одложување, ако со неа се решава важно прашање или се спречува настанување на штетни последици за Партијата. Со ваквата одлука не може да се исклучат со Статут загарантирани права на членовите и пропишаните надлежности на органите на Партијата. Оваа одлука мора да биде верифицирана на првата следна седница на истиот орган.
Извршен одбор на Партијата
Член 59
Извршниот одбор е извршен орган на Централниот одбор на Партијата, кој ја организира и спроведува политиката на Партијата.
Извршниот одбор го сочинуваат: Претседателот на Партијата, Претседателот на Централниот одбор, потпредседателите на Партијата, претседателите на форумите на жени и млади, Генералниот секретар на Партијата, Организациониот секретар на партијата и 15 до 17 членови кои ги избира Централниот одбор на предлог на Претседателството.
Член 60
Надлежности на Извршниот одбор:
- Врши анализа на актуелната политичка ситуација, зазема политички ставови и усвојува насоки за дејствување на Партијата;
- Одговара за спроведување на одлуките на Конгресот и Централниот одбор на Партијата;
- Ја следи, насочува и координира работата на општинските одбори;
- Свикува заеднички или регионални состаноци на овластени претставници на општинските организации;
- Одлучува за прашања од организационен карактер на Партијата;
- Се грижи за информирање на членството на Партијата и организира и спроведува политичко – пропагандни активности;
- Подготвува предлог – документи (деловници, правилници, упатства и др.) за Партијата;
- Ги става вон сила одлуките на општинските органи на Партијата, кои не се во согласност со Статутот, Програмата и одлуките на Централниот одбор;
- Донесува одлуки за учество на Партијата на вонредни избори;
- Формира Централен изборен штаб на Партијата;
- Донесува одлуки за стапување во или отстапување од коалиции со други политички партии и дава согласност за предлог на коалиционен договор за избор на пратеници и советници;
- Ја потврдува изборната листа за избор на пратеници и советници;
- Дава согласност за предлог – кандидати за избор на претставници на Партијата во органите на власта, јавните претпријатија и установи;
- Одговара за организирање и спроведување на изборна кампања;
- Планира и организира промоција на партијата и политички собири од пошироко значење;
- Донесува одлуки за распуштање на општински одбори и именува поверители на Партијата;
- На предлог на Претседателот одлучува за разрешување на претседатели на општински одбори
- Донесува Правилник за дисциплинска одговорност;
- Донесува општи и други акти во врска со организацијата и работата на стручната служба;
- Формира работни тела за поедини области од својот делокруг;
- Ја организира централната евиденција на членството;
- Донесува Деловник за работа;
- Извршува и други работи што му ги доверуваат надлежните органи на Партијата;
- Донесува Парвилник за висината на членарината и нејзината распределба;
- Формира Совети на Партијата и именува Претседатели на советите на Партијата за подрачјата на делување.
Извршниот одбор е должен на седниците на Централниот одбор да поднесува Извештај за својата работа.
Член 61
Седниците на Извршниот одбор ги закажува и со нив раководи Претседателот на Партијата, а во случај на негова спреченост Претседателот на Централниот одбор,или некој од потпретседателите на Партијата.
Извршниот одбор полноправно одлучува ако на седниците присуствуваат повеќе од половина членови, додека одлуките се донесуваат со мнозинство присутни членови.
Претседателството или1/3 од членовите на Централниот одбор можат да го постават прашањето за доверба на Извршниот одбор. Во тој случај се закажува седница на која ќе се расправа и одлучува за предлогот на Централниот одбор во рок од 15 дена од денот на поднесување на предлогот.
Статутарна комисија
Член 62
Статутарната комисија има Претседател и четири членови.
Надлежности на Статутарната комисија:
- Подготвува нацрт-измени и дополнување на Статутот на Партијата;
- Ги толкува одредбите на Статутот и други општи акти;
- Ги решава судирите на надлежности меѓу органите на Партијата, и
- Донесува Деловник за својата работа.
Статутарната комисија поднесува извештај за својата работа пред Конгресот на Партијата, а со извештајот го запознава Претседателството и Централниот одбор на Партијата.
Член 63
Органите а преку нив и членовите на Партијата можат да бараат толкување на Статутот и останатите општи акти.
Толкувањето на Статутарната комисија е обврзувачко за сите членови и органи на Партијата до следната седница на Конгресот на Партијата, кое дава автентично толкување на спорната одредба.
Член 64
Статутарната комисија , по правило работи во полн состав, но може да работи и одлучува и ако на седницата присуствуваат повеќе од 2/3 од членовите. Статутарната комисија ги донесува одлуките со мнозинство од вкупниот број членови.
Надзорен одбор
Член 65
Надзорниот одбор врши контрола врз приходите и користењето на финансиски средства, управување со имотот и вкупното работење на Партијата.
Надзорниот одбор има Претседател и два члена. Членовите на Надзорниот одбор не можат истовремено да бидат и членови на други органи на Партијата,освен на Конгресот.
Надзорниот одбор поднесува Годишен извештај за контролата на финансиското работење до Централниот одбор на Партијата.
Надзорниот одбор поднесува извештај за својата работа до Конгресот на Партијата, а со извештајот претходно го запознава Централниот одбор на Партијата.
Надзорниот одбор по правило работи во полн состав и полноправно одлучува ако на седницата присуствуваат повеќе од 2/3 на членовите. Одлуката се донесува со мнозинство од вкупниот број членови.
Суд на честа
Член 66
Судот на честа е независно тело составено од пет члена, кое одлучува за спорни предмети и други спорови внатре во Партијата и тоа го прави во согласност со овој Статут.
Работата, организацијата и надлежностите се утврдуваат со Правилник кој го донесува Извршниот одбор а го потврдува Централниот одбор на Партијата.
ДРУГИ ОРГАНИ НА ПАРТИЈАТА
Претседателство
Член 67
Претседателството го сочинуваат:Претседателот, потпретседателите, Претседателот на Централниот одбор, Генералниот секретар и Организациониот секретар на Партијата.
Претседателството е тело со оперативно – функционален метод на работа, кое ги подготвува седниците на Централниот и на Извршниот одбор и го предлага дневниот ред. Се грижи за обезбедување на услови за работа на сите други органи на Партијата. Исто така се грижи за спроведување на политиката на Партијата.
Седниците на Претседателството ги свикува и со нив раководи Претседателот на Партијата. На состаноците на Претседателството може да присуствуваат и други лица по покана на Претседателот.
Претседателството иницира и остварува соработка со слични партии, странки и организации во странство.
Потпретседатели на Партијата
Член 68
Партијата има три потпретседатели кои ги избира Централниот одбор на предлог на Претседателот на Партијата со претходна консултација со општинските одбори.
Потпретседателот се избира со мнозинство гласови од присутните членови на Централниот одбор.
При изборот на Потпретседател на Партијата мора да се води сметка за територијалната, етничката и половата застапеност.
Член 69
Потпретседателите на Партијата ја спроведуваат политиката на Партијата во одредени области од Програмата и му помагаат на Претседателот во спроведување во неговите надлежности.
Потпретседателите на Партијата за својата работа одговараат пред Конгресот и Централниот одбор на Партијата.
По предлог на Претседателот на Партијата, Централниот одбор може да отповика Потпретседател на Партијата ако тој не ги почитува Програмата и Статутот на Партијата и не ги извршува одлуките на Централниот одбор.
Генерален секретар на Партијата
Член 70
Генералниот секретар на Партијата:
- Организира и подготвува седници на органите на Партијата, по овластување на Претседателот раководи со поедини седници на органите на Партијата и учествува во израборка на општи акти и други материјали;
- Учествува во подготовка на одлуките за организацијата на Партијата и нејзините стручни служби;
- Ја следи евиденцијата и бројната состојба на членството и се грижи за развој на партиската мрежа;
- Одобрува изработка на печати на општинските одбори и одредува лице за преземање на печатот, документацијата и имотот на распуштени одбори во согласност со одлуката на Извршниот одбор;
- Потпишува финансиски документи за кои е овластен;
- Подготвува предлог – финансиски план за следната календарска година и ја координира изработката на финансиски планови на организацијата на Партијата;
- Одговара за финансиското работење, поднесување на извештаи и водење на книгите на Партијата и е ополномоштен за контакт со надлежните органи;
- Ја организира стручната служба и раководи со истата во согласност со одлуката на надлежниот орган на Партијата;
- Извршува и други задачи доверени од страна на Централниот одбор, Извршниот одбор и Претседателот на Партијата.
За својата работа Генералниот секретар одговара пред Надзорниот одбор и Централниот одбор.
Генералниот секретар е непосредно одговорен за работата и располагање со финансиските средства одобрени со финансискиот план на Партијата и се грижи за нивно законско и наменско трошење.
Генералниот секретар, во случаи на отсуство или спреченост го заменува Организациониот секретар на Партијата.
Организационен секретар на Партијата
Член 70а
Организациониот секретар на Партијата:
- Ја организира и координира работата на органите и телата на централните органи на Партијата: Конгресот, Претседателството,Централниотодбор и Извршниот одбор на Партијата;
- Врши координација на работењето на општинските организации на Партијата и работи на нивно поврзување, на сите, со Статутот предвидени форми и облици на работење,
- Го следи почитувањето на Статутот на Партијата на сите нивоа и за воочените неправилности го известува Претседателството на Партјата и Статутарната комисија;
- Поднесува извештаи до Централниот одбор и до Извршниот одбор на Партијата;
- Во случај на отсутност го заменува Генералниот секретар на Партијата,
- Извршува и други работи што ке му ги довери Претседателството и Централниот одбор на Партијата.
Секретар за меѓународна соработка и соработка со други организации
Член 70б
Секретарот за меѓународна соработка и соработка со други организации:
- По овластување и насоки на Претседателот на Партијата воспоставува врски и комуникации со меѓународни организации и организации и институции во државата;
- Ги следи средствата за јавно информирање и социјалните мрежи и за се што е од интерес за Партијата врши потребно информирање за состојбите;
- Раководи и заедно со стручни лица ги уредува објавите на партијата преку ВЕБ страната и социјалните мрежи;
- Се грижи за соработката со организациите со кои Партијата има посебен интерес за соработка;
- Соработува со Генералниот и Организациониот секретар и изработува потребни документи од своја надлежност;
- Извршува и други работи што ке му ги довери Претседателството и Централниот одбор на Партијата.
Совети
Член 71
Советите се советодавни тела кои се занимаваат со аналитички стручно – политички прашања од значење за Партијата во различно области (политички систем, стопанство, состојба на младата генерација, социјална политика, наука, култура, образование, екологија, одбрана и безбедност, родова застапеност и учество на жените во донесување на стратегиски одлуки).
Советите се должни да ја следат и да ја анализираат проблематиката од областа за која се формирани и за тоа подготвуваат извештаи, реферати и предлози до Претседателството на Партијата.
Со работата на советите раководи Претседателот на Партијата, а по негово овластување и Координаторот на советите, а со работата на советите раководат нивните претседатели.
Бројот на советите го определува Извршниот одбор на водејќи сметка за подрачјата на делување од интерес за партијата а секој совет брои по седум члена. При сочинување на составот
на советите, нивниот Координатор и Претседатели, треба да се води сметка истите да бидат членови на Партијата и да се настојува во што поголема мерка тоа да бидат лица истакнати и докажани стручњаци во областа од надлежност на советите.
Претставници на Партијата во органите на власта
Член 72
Пратениците и советниците избрани од членството на Партијата во Републичките, градските и општинските совети ја претставуваат Партијата и ги спроведуваат нејзините политички ставови.
Член 73
При предлагање кандидати за избор на пратеници и доделување мандат на пратеник треба да се земе предвид работата во Партијата, угледот кој кандидатот го има во средината во која живее и во стручните кругови, како и неговите морални особини, организациони и политички способности.
Член 74
Изборните листи за пратеници во Собранието на РСМ и редоследот на тие листи го усвојува Централниот одбор, на предлог на Извршниот одбор, имајќи ги предвид предлозите на општинските одбори и водејќи сметка за рамномерна полова и регионална застапеност.
Изборните листи за советници и редоследот на листите го потврдува Извршниот одбор на Партијата на предлог на општинските одбори.
Член 75
Со пратеничка група раководи координатор на пратеничка група, кој го именува и разрешува Извршниот одбор на Партијата.
Најмалку еднаш во шест месеци координаторот на пратеничката група е должен да поднесе извештај за работата на пратеничката група до Централниот одбор и Претседателот на Партијата.
Член 76
Пратениците, советниците и сите други претставници на Партијата во органите на власта, јавните претпријатија и установите имаат обврска постојано да учествуваат во работењето на Партијата и да ги спроведуваат нејзините одлуки.
Поединости за обврските на пратениците и функционерите во РСМ се пропишани со акт донесен од Централниот, а обврските на советниците ги пропишува Извршниот одбор на Партијата.
Член 77 Бришан
ИМОТ И ФИНАНСИРАЊЕ НА ПАРТИЈАТА
Член 78
Партијата може да поседува подвижен и недвижен имот, парични средства и други имотни права, кои ги користи и со нив располага за остварување на целите и задачите утврдени со Програмата и Статутот.
Партијата може да стекнува право на сопственост, право на располагање, право на користење и други права во согласност со закон.
Член 79
Средства за финансирање на редовната работа и водење кампањи на Партијата се стекнуваат од следните извори:
- Јавни извори: буџетот на РМ, буџетите на општините и Градот Скопје;
- Приватни извори: членарина, прилози од правни и физички лица, приходи од имот и легати.
Со Финансискиот план кој го донесува Извршниот одбор на Партијата, се распределуваат приходите во согласност со изворите и расходите според намената и во согласност со целите и задачите на Партијата.
Извршниот одбор на партијата може во текот на годината да врши измени на висината на поедини приходи или расходи во Финансискиот план во рамки на вкупно планираните средства.
Член 80
Партијата доделува признанија и награди за придонес на членовите во афирмација на Програмата на Партијата. Како признанија Партијата може да дели благодарници, плакети, партиски медали, значки и дипломи.
Со посебен Правилник кој го донесува Централниот одбор се утврдува изгледот и критериумите на сите признанија и награди.
Член 81
Целокупниот имот на Партијата е неделив и со него располагаат и управуваат органите на Партијата во согласност со надлежностите од овој Статут.
ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 82
Работата на Партијата престанува со одлука на Конгресот на Партијата, со намалување на бројот на членови под законскиот минимум и други случаи предвидени со закон.
Член 83
Во случај на престанок на работа на Партијата, нејзиниот имот со одлука на Централниот одбор се отстапува на хуманитрарна организација како нејзина сопственост, за што одлука донесува Централниот одбор.
Член 84
Овој Статут е усвоен на Основачкото собрание на Партијата на 12.03.2013 година, првиот Пречистен текст на Статутот е донесен на Годишното собрание од 15.03.2014 година, вториот Пречистен текст на Статутот е донесен на 31.03.2018 година, а овој Пречистен текст е донесен на 10. 06.2023. година и стапува на сила со неговото усвојување.
ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ПАРТИЈАТА
Илија Николовски