Соопштенија

Седница на Извршниот одбор на Партијата на пензионери

Почитувани,

Извршниот одбор на Партијата на пензионери, во проширен состав, денес на 01.03.2024 год. одржа редовна седница на која, меѓу другото, се разгледани и усвоени следните стратешки одлуки:

– Извршниот одбор ја усвои Изборната програма на Партијата на пензионери во сегашната фаза на изработка и истата ќе биде усвоена на следната седница на Централниот одбор на партијата.

– Усвоен е Годишниот финасиски извештај за 2023 година,

– Извршниот одбор на Партија на пензионери, донесе едогласна одлука, да на претстојните Претседателски избори, го подржи Стево Пендаровски, како докажан  политички кандидат, кој ќе продолжи да ја води државата како Претседател на сите граѓани, на патот кон полноправно членство во Европската унија.

Продолжуваме понатака со сите наши активности, а во насока за подобар и подостоинствен живот на сите пензионери, затоа што Заедно, Можеме и Мораме !!!

Партија на пензионери

Чесно, Сплотено, Одлучно

Прикажи повеќе

Поврзани вести

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Skip to content