Активности

Работна средба со министерката за труд и социјална политика

На 31.08.2023 година, Претседателот на Партија на пензионери Илија Николовски, придружуван од Потпретседателот Миле Андоновски и Генералниот секретар Киро Ристовски, во просториите на МТСП одржа работен состанок со Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска со цел предлагање и утврдување на заеднички пензионерски политики и мерки за изнаоѓање на долгорочно одржливи системски решенија кои ќе обезбедат континуирано подобрување на пензионерскиот стандард и остварување  подобар живот на сите пензионери, без да се загрози стабилноста на пензискиот систем и редовната исплата на пензиите .

Во отворен и искрен дијалог, со уважување на општествените околности во кои треба да се креираат овие политики, истакнувајќи ја потребата од поитно делување, како Партија на пензионери, го презентиравме нашиот предлог мерки во врска со законско регулирање на износот на минималните пензии, со кои мора да се остварат позитивни придобивки за најзагрозената група на пензионери.

Исто така во фокус на средбата беа и заедничките заложби за креирање социјални мерки кои ургентно, директно и ефективно ќе влијаат на квалитетот на живот на пензионерите со најниски примања.

Потенцирано е и прифатено е од двете страни дека паушалните предлози за усогласување на пензиите се чекор назад, со кој се суспендираат веќе стекнатите права на сите пензионери.

За ПП спроведувањето на ваквите барања, кои, според нашите сознанија, се креирани од неколку политички субјекти во земјата со цел заострување на состојбите помеѓу пензионерската популација и пошироко во општеството и кои всушност се пласирани заради остварување на други политички цели, нужно ќе резултираат со нарушување на редовноста на исплата на пензиите, на одржливоста на целиот пензиски систем и стабилноста на Буџетот на државата со крајно негативни последици за сите корисници на пензии.

Покрај наведеното на средбата како Партија на пензионери го отворивме прашањето за неопходност од изменување на одредбите од членот 66 став 3 од Законот за ПИО со цел зголемување на процентот на семејната пензија која се остварува од старосната пензија, како и за изменување на членот 148 став 1 од овој закон, со цел пензионер после стекнување на право на пензија, да може да го задржи правото на користење на пензија доколку се вработи кај работодавач кој не врши исплата на плата или надомест од Буџетот на државата, како и други прашања за кои треба да се изнајде одржливо решение при донесување на новите системски измени во пензискиот систем кои претстојат после наредните собраниски избори во земјата.

На крајот од средбата, со чувство дека од страна на Министерката со уважување и разбирање се разгледани нашите предлози, а поради понудената можност уште еднаш да ги афирмираме нашите предлози по темите за кои дискутиравме, со задоволство ја прифативме нејзината покана претставник на Партија на пензионери да учествува во работата на првиот состанок на работната група која ќе работи на Законот за минимална пензија и социјални мерки, кој ќе се одржи на 6-ти септември.

Партијата на пензионери во досегашното залагање и делување, има покренато многу повеќе барања и олеснувања за најранливата категорија на пензионери, него ли сегашните барања на пензионерите организирани од група пензионери претсатвници на антиевропскиот блок.

 

Во Скопје, 31.08.2023 година                          ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ

Прикажи повеќе

Поврзани вести

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Skip to content