Активности

Работна средба со директорот на ПИОМ Дритон Беџети

Претседателот на Партија на пензионери, Илија Николовски на 11 јануари 2023 година оствари работна средба со директорот на ПИОМ, Дритон Беџети на која присуствуваше и членот на Управниот одбор на ПИОМ, Божин Петрески. На средбата фокусот беше ставен на исплатата на социјалните пакети на пензионерите со мали примања, одредени измени на Законот за служба во Армијата, состојбата во пензионерските домови и кадрвоски прашања. Соговорниците на средбата ја нагласија взаемната усогласеност по однос на разгледаните прашања.

Соработката помеѓу Партијата на Пензионери и ФПИОСМ е од суштинско значење во остварувањето на правата од пензиското и инвалидско осигурување и пензионерскиот стандард. Од особена важност за корисниците на правата од ПИО е Фондот да биде во функција на корисниците, односно нивен сервис.

ФПИОСМ досега успешно ја извршува својата улога во навремено обезбедување и исплата на пензии, грижа за тековното и инвестиционо одржување на пензионерските домови во рамки на финансиските можности и ги врши сите услуги пропишани со закон од областа на ПИО.

Исто така, од особена важност е соработката помеѓу ФПИОСМ и корисниците на услуги од ПИО.

Сите добронамерни предлози од страна на корисниците на правата од ПИО ќе допринесат за поквалитетно извршување на услугите од страна на фондот. Ова нека биде инспирација за поголема соработка помеѓу фондот и корисниците на услугите од областа на ПИО.

Партијата на пензионери се залага за поквалитетно и навремено задоволување на услугите од областа на ПИО.

Прикажи повеќе

Поврзани вести

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Skip to content