Почитување на Кодексот за однесување во онлајн просторот за време на изборни процеси и референдуми
Почитувани,
Партијата на пензионери, на доброволна основа, пристапи кон прифаќање и почитување на Кодексот за однесување во онлајн просторот за време на изборни процеси и референдуми, изработен на иницијатива на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во соработка со Здружението на новинари на Македонија, Македонскиот институт за медиуми, Советот за етика во медиумите на Македонија, Институтот за комуникациски студии и Фондацијата „Метаморфозис“.
Со почитување на Кодексот ја потврдуваме определбата на модерните демократии за заштита и почитување на основното право на слобода на изразување и информирање, гарантирано со членот 10 од Европската конвенција за заштита на човековите права и основни слободи.
Како што е наведено во членот 2 од истиот, целта на Кодексот е да се зголеми транспарентноста на изборите како и да се зајакне довербата на граѓаните преку обезбедување услови за почитување на законски загарантираните права, на слободата на изразување и информирање, како и на приватноста и безбедноста на личните податоци на граѓаните во онлајн просторот.
Како и до сега, така и во наредниот предизборен период Партијата на пензионери искрено се обврзува пред граѓаните на Македонија дека во својот политички ангажман ќе се однесува чесно и коректно кон сите политички субјекти во државата а се единствена и јасна цел дека добробитот на сите во нашата држава е нашиот единствен фокус.
Чесно, Сплотено, Одлучно !
Партија на пензионери