Соопштенија

Партијата на пензионери на сите граѓани им го честита Денот на Републиката, 2 Август, Илинден

Чествувајќи го 2 Август – Илинден, Денот на Републиката, денот кој мора да не потикнува и обединува, за продолжување на 120 годишната традицијата на нашите славни претци и денот на кој мора да се сеќаваме на сите наши револуционери, кои верни на својот идеал ја дадоа својата најголема жртва а поттикнати од маките и страдањата на својот народот, но и стремежот за самостојна и слободна држава.
Прославувајќи ги двата Илиндена, 1903 и 1944, ги прославуваме и стремежот и вековниот непокор за историската цел за самостојна татковина.
На овој празник се поклонуваме на славното дело на револуцијата, на храброста, доблеста, но и на поставувањето на темелите на современата македонска држава.
Идеалите на двата Илиндена се сеуште живи, и мора да тлеат во секој од нас. Се додека во себе го носиме жарот на илинденците ќе постои и борбата за поубава иднина на сите граѓани на Македонија.
Нека ни е честит и вековит Илинден!
Прикажи повеќе

Поврзани вести

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Skip to content