ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ: Загриженост за загадувањето на воздухот
Партијата на пензионери, изразува огромна загриженост за состојбата на загадувањето на воздухот, како во Скопје така и во целата земја.
И покрај известувањето на Светската банка со податоци дека аерозагадувањето ја чини државата меѓу 500 и 900 милиони евра годишно и 1.600 прерано починати лица годишно од последиците на загадувањето, овие параметри остануваат ирелевантни за сите политички партии во Собранието, и истите се користат само како политички инструменти и памфлети во зависност кој е на власт а кој во опозиција.
Поттикнати од суровата реалност на повеќе годишната животно загрозувачка состојба со загадувањето на воздухот, но и секое друго еколошко, загадување, Партијата на пензионери бара темелно и системско решавање на овие проблеми со преземање на реални и практични мерки и решенија како: набавка на нови автобуси за градскиот превоз во сите градови, нови зелени површни, паркови и дрвја, чистење и еколошко менаџирање на сите депонии за ѓубре, реализирање на многу еколошки проекти на сите општествени рамништа и сеопфатно преземање на конкретни мерки за намалување на сите видови на загадување со тежиште на аеробното, но секако на прво место ревидирање на сите правни акти во државата во овој сегмент и нивно бескрајно и потполно почитување на истите без оглед на партиската, националната и социјалната припадност на прекршителите на истите.
Чесно, Сплотено, Одлучно !!!
Партија на пензионери