Соопштенија

ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ: Веднаш по вонредните избори партијата продолжува со иницијатива за донесување законски одредби за уште едно усогласување на пензиите

Со усогласувањето ќе бидат опфатени и преостанатите пензионери од армијата и полицијата во РС Македонија, на кои, не им беа усогласени пензиите.

ПАРТИЈАТА НА ПЕНЗИОНЕРИ, веднаш по вонредните избори, продолжува со иницијативата за донесување на законски одредби, за уште едно усогласување на пензиите, со кои ќе бидат опфатени и преостанатите пензионери од армијата и полицијата во РС Македонија, на кои, не им беа усогласени пензиите.

ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ, по анализата на постигнатите резултати од последните донесени законски одредби, кои се однесуваа на усогласување на пензиите на пензионираните  припадници на МВР и армијата, заклучи дека, поради неопходноста да опстои на принципите на солидарност и правичност, веднаш по завршување на вонредните избори и конституирањето на Собранието, ја продолжува иницијативата за донесување на законски одредби со кои ќе бидат опфатени сите пензионери од оваа групација.

Имено донесените закони и измени на закони, кои го регулираат остварувањето на правото на пензија на припадниците на полицијата, армијата и безбедносните служби, во чие донесување активно учествуваше и ПП, за жал, поради спечифичноста на околностите под кои се пензионирани, не опфатија еден мал број пензионери од овие структури, што кај нив предизвикува чувствуво на дискриминираност.

Поради тоа, по примерот на повеќекратните измени на законските одредби за стечајните работници, со цел да бидат опфатени сите засегнати пензионери од оваа групација, најавуваме ургентно поднесување на иницијатива во Собранието на РС Македонија за законско и правично усогласување на пензиите и на преостанатите пензионери од армијата и полицијата, за што настојчиво ќе бараме подршка и од нашите коалициони партнери.

Во Скопје, 08.07.2020 година                                         ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ

Прикажи повеќе

Поврзани вести

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Skip to content