ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ: Рекација на посетата на највисока делегација на Р. Бугарија
За ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ (ПП), самото присуство на највисока делегација на Р. Бугарија предводена од Премиерот Петков и Потпретседателката Јотова, при отворање на Клуб на Бугарски културен центар во Битола, именуван со името на Ванчо Михаилов, кој е неспорно докажан соработник на фашистичкиот режим од Втората светска војна, никако не придонесува да се подобрат односите помеѓу двата народа. За ПП таквото нивно постапување е само уште една провокација кон македонските граѓани и навреда на жртвите на фашизмот и нивните потомци во Македонија и светот.
ПП, поради фактот дека, додека Петков во Битола изјавува: „Ова (бугарското) прашање не е партиско туку национално и треба да дојде до обединување на сите бугари“, Потпретседателката Јотова, надмено, дрско и навредливо негира дури и постоење на македонска нација, истовремено искажувајќи небулозни сомнежи за начинот на спроведување на пописот и бројот на граѓани на Македонија кои се изјасниле како бугари, таквото однесување го квалификва и смета за злоупотреба на пруженото гостопримство.
Со соседите, ако постојат искрени и нескриени намери, се постапува со меѓусебно уважување и почитување на взаемните, но и на поединечните интереси, без уцени и злоупотреба на „доминантната“ позиција, бидејќи само така може да се дојде до компромисно и прифатливо решение од двете страни
Затоа Партија на пензионери, согледувајќи го претходното и сегашно фактичко однесување на бугарските раководства, очекува јасна и одлучна реакција од страна на државното водство на РС Македонија, како и „прилагодено“ постапување во иднина во врска со „спорните“ прашања помеѓу двете земји, без никакви отстапки од базичните македонските национални интереси.
Во Скопје, 17.04.2022 година ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ