Соопштенија
ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ изразува длабоко сочуство со семејствата на жртвите од двата масакри во Србија
Партијата на пензионерите на Македонија изразува длабоко жалење и сочувство до семејствата на жртвите од двата масакри што се случија во минатата седмица Београд-Србија и во кои има мртви и ранети млади невини луѓе.
Со оглед на близината на местата во кои е извршен масакрот до територијата на Република Северна Македонија, Партијата на пензионерите ги повикува надлежните органи да го подигнат степенот на безбедност во училиштата и на јавните простори во државата, бидејќи постои опасност од тнр. домино-ефект.
Партијата на пензионерите, исто така, ја повикува Владата на Република Северна Македонија да ја обнови акцијата за собирање на илегално поседувано оружје, бидејќи преку трговијата со оружје граѓаните можат постојано да се снабдуваат со оружје на црниот пазар и да го чуваат без дозвола во своите домови. На овој начин се одржува постојана опасност од употреба на таквото оружје.