ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ: Благодарност до граѓаните за дадената можност да продолжи континуитетот на парламентарно дејствување
ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ, искажувајќи благодарност за добиената подршка на изборите која овозможи, во рамки на коалицијата „МОЖЕМЕ“, партијата да го продолжи континуитетот на парламентарно дејствување, најавува дека веднаш ја интензивира својата активност за остварување на програмските определби за подобар и посигурен живот на пензионерите и сите граѓани.
Партија на пензионери се заблагодарува на сите граѓани кои, со својот глас, овозможија Партијата да го продолжи континуитетот на парламентарно дејствување во рамки на коалицијата “МОЖЕМЕ“ и истовремено најавува уште поинтензивна и попродуктивна работа во интерес на пензионерите и младината.
Партија на пензионери веднаш по конституирање на Собранието, поведува иницијатива за донесување на ДОЛГОРОЧНА ДРЖАВНА СТРАТЕГИЈА ЗА РАЗВОЈ НА ЗЕМЈАТА, со заложба да се донесе со што е можно поширок консензус на релевантните општествени и државни чинители.
Партија на пензионери веднаш поведува иницијатива за промени на изборниот модел со цел целата држава да биде една изборна единица.
Партија на пензионери се придружува на активностите за реформи во правосудниот систем и борба против корупцијата на сите нивоа.
Партија на пензионери, како своја примарна задача, отпочнува со реализација на заложбата за законско регулирање на соодносот на МИНИМАЛНА ПЕНЗИЈА со МИНИМАЛНА ПЛАТА, на ПРОСЕЧНАТА ПЕНЗИЈА со ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА, како и за обезбедување на услови за активно стареење, достоинствена старост и пензии.
Партија на пензионери веднаш по конституирање на Собранието, ја продолжува постапката за донесување на измените во Законот за безбедност во сообраќајот, а поведува и иницијатива за заокружување на процесот за изменување на законите од областа на одбраната и безбедноста, во делот на регулирање на пензиите.
Партијата на пензионери бара, во најбрз можен рок, Државната изборна комисијата недвосмислено да ги појасни случувањата во врска со „проблемите“ при електронското презентирање на изборните резултати, да утврди одговорност на надлежните и за тоа да ја информира јавноста.
Во Скопје, 17.07.2020 година ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ