Активности

Конвенција за поддршка на претседателскиот кандидат и Годишна седница на Централниот одбор на Партијата на пензионери

Партијата на пензионери, на ден 16.03.2024 г., во хотелот Континентал, Скопје, одржа Конвенција за поддршка на претседателскиот кандидат, на сегашниот Претседател на државата г-динот Стево Пендаровски, како и Годишна седница на Централниот одбор на Партијата на пензионери.

Во свечена и работна атмосфера на Конвенцијата,и по деталното излагање на Претседателот на ПП, г-динот Илија Николовски за предлогот на ПП, сите членови на Централниот одбор на Партијата на пензионери, со консензус донесоа едногласна одлука за поддршка на г-динот Стево Пендаровски во наредните претседателски избори.

По ова, свое излагање имаше и преседателскиот кандидат, актуелниот Председател на државата, г-дин Стево Пендаровски, во кое се осврна на постигнатите резултати на оваа функција во изминатиот мандат како и на идните планови, предлози и идеи кои ќе ги реализира во наредниот мандат. Тој исто така ја истакна важноста на улогата која ја имаат пензионерите во нашето општество и изрази благодарност за поддршката од страна на Партијата на пензионери.

Во делот на Годишната седница на Централниот одбор на ПП, едногласно беа донесени повеќе стратешки одлуки и тоа по следното:

–          Донесен е нов Деловник за работа на ЦО на ПП;

–          Усвоена е Изборната програма на ПП за 2024 – 2028 година;

–          Усвоени се Насоките и програмата за промоција на ПП за 2024 година;

–          Усвоена е Одлуката за пристапување кон коалицијата предводена од СДСМ за наредните парламентарни избори;

–          Утврдена е Предлог листата за пратеници од ПП за наредните Парламентарни избори и тоа г-динот Илија Николовски и г-динот Алекса Стаменковски;

–          Усвоен е Извештајот на Надзорниот одбор на ПП за 2023 година;

–          Извршен е избор на Секретар за меѓународна соработка и соработка со други организации;

Целиот настан, заврши во свечена атмосфера со желби за добро здравје и поголеми успеси во иднина.

ЗАЕДНО, МОЖЕМЕ и МОРАМЕ

ЧЕСНО, СПЛОТЕНО, ОДЛУЧНО

Партија на пензионери

 

Прикажи повеќе

Поврзани вести

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Skip to content