Соопштенија
ПП: 11 Октомври темел на македонската државност
Партијата на Пензионерите, на сите граѓани на РСМакедонија им го честита големиот празник 11 Октомври.
11 Октомври е ден од македонската историја, кој не само што е симбол на македонската борба за слобода, туку е и ден кога е поставен еден од темелите на македонската државност. Ден кога сме застанале, како и секогаш, на правата страна на човечанството. На овој ден им оддаваме почит на сите учесници во вооруженото антифашистичко и народноослободително востание. Наша должност останува да го чуваме она за што тие го дадоа својот живот. Нашата историја нè мотивира да чекориме напред, да веруваме во себе и да продолжиме да ја чуваме и јакнеме нашата татковина.