Соопштенија

Цени на лековите и криза со енергенси

Партијата на пензионери, ја поздравува и поддржува одлуката на Владата за поевтинување на 300 лекови кои се достапни на нашите граѓани од 1 Мај.
Истовремено напоменуваме дека Партијата на пензионери во повеќе наврати во изминатите години, преку својот претставник во Собранието, пратеникот, Илија Николовски, кој е Претседател на Партијата на пензионери, бараше но и нудеше конкретни решенија за овој проблем и предизвик, со кој се соочуваат огромен број на пациенти од кој повеќето се пензионери.
Бараме да Министерство за здравство, во потполност го спроведе годишното усогласување на максималните цени за 2026 година, и да на листата се најдат и многу повеќе лекови со намалени цени со што би се приближиле на рамниште од земјите од регионот, за да не бидеме и понатака земја со највисоки цени на медикаментите.

Исто така, ја охрабруваме и поддржуваме Владата за благовремено и сеопфатно носење на сите соодветни мерки и активности, а со цел за подобро справување со моменталната светска, но воедно и домашна, криза со сите видови на енергенси во земјата.
Бараме да не се дозволат злоупотреби од било каков вид и обем, кои вештачки би се пренеле во сите сфери на економијата и со самото тоа на секојдневниот, и онака оптоварен, живот на сите граѓани на земјата.
Потикнуваме директна, отворена, добронамерна и реална комуникација помеѓу сите политички фактори и актери на општествената сцена во Македонија а со цел за полесно поминување на уште едно светско премрежје.
Тешките времиња треба да го дадат најдоброто на една нација и земја, без обѕир на политичкиот дискурс на партиите и поединците.
Партијата на пензионери стои на располагање со целиот свој капацитет на експертиза и знање за допринос во интерес на сите граѓани.

Чесно, Сплотено, Одлучно !!!
Партија на пензионери

Прикажи повеќе

Поврзани вести

Back to top button
Партија на пензионери