Соопштенија

ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ: Сочувство за жртвите и повредените во трагичниот настан во Кочани

Партијата на пензионери изразува најискрено и најдлабоко сочувство за жртвите и повредените во трагичниот настан во Кочани.

Во овој траорен момент, секој искажан збор на сочуство и тага е минорен за да ги надокнади загубите на толкав број на млади животи во само еден момент, првенствено за семејствата но и за сите нас.
Партијата на пензионери, инсистира и бара, но во исто време ја поддржува Владата во брзо превземања на сите неопходни и расположиви мерки за пронаоѓање и системско казнување на сите оние кои, со најмало дело и недело, допринеле за трагедија од вакви размери.

Повеќедецениското игнорирање на многу лоши дејствија, во сите сегменти на општеството и на сите можни рамништа доведе до оваа трагедија. Во името на сите жртви МОРА да се престане со било какви системско корупциски неказниви дејанија од било кого и било каде во државата.

Почит за сите жртви на кочанската трагедија, нека почиваат во мир.

Партија пензионери.

Прикажи повеќе

Поврзани вести

Прегледај исто така
Close
Back to top button
Партија на пензионери
Skip to content