Соопштенија

ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ: Изгласан Деветтиот пакет антикризни мерки на предлог на Владата, исплатата до крајот на месецов

Собранието на денешната седница, на предлог на Владата на Република Северна Македонија го изгласа 9-тиот пакет на анти-кризни мерки кој изнесува вкупно 662 милиони евра, вклучилено и Системски мерки во висина од 516 милиони евра.

За вкупно 188.000 пензионери се обезбедени 36 милиони евра, кои ќе бидат распределени како што следува:

– 92.000 пензионери (со пензија до 14.000 ден.), 5 месеци по 3.000 денари,

– 42.000 пензионери (со пензија 14.001-16.000 ден.), 5 месеци по 2.000 денари, и

– 52.000 пензионери (со пензија 16.001-19.000 ден.), 5 месеци по 1.500 денари.

Продолжуваат мерките за поддршка на ранливите категории на граѓани.

За вкупно 55.000 ранливи потрошувачи на елек.енергија износот изнесува 7 милиони евра, односно:

– 5.000 лица (програма за енергетска сиромаштија), 6 месеци по 2.000 ден.

– 38.000 корисници на ГМП, 6 месеци по 1.200 ден.

– 12.000 корисници на социјална пензија, 6 месеци по 1.200 ден.

– Субвенција на цената на електричната енергија за домаќинствата (600.000 домаќинства = 35 милиони евра) – продолжува,

– Субвенција на цената на топлинската енергија за домаќинствата (63.000 домаќинства = 7,5 милиони евра) – продолжува,

– зголемен праг на поврат на средства од 1.800 на 2.100 денари (540.000 корисници на МОЈ ДДВ = 42 милиони евра) – продолжува.

 

СИСТЕМСКИ МЕРКИ ПРЕКУ ВЕЌЕ ЗГОЛЕМЕНИ ПЛАТИ И ПЕНЗИИ во 2023г.

(ЗА УБЛАЖУВАЊЕ НА ЦЕНОВНАТА И ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА)

Вкупно 516 милиони еур (за 2023 и 2024)

– Зголемена минимална плата за вработени кои примаат плата преку буџет,

– Зголемена минимална плата за 37.000 вработени во образование и детска грижа,

– 106.000 вработени земаа 10% пораст на плата согласно потпишаниот ОКД,

– 106.000 вработени земаа (к-15) и пак ќе земат во 2024г.,

– 338.000 пензионери земаат на два пати (март и септември) зголемени пензии (за над 25% само за 2022 и 2023),

– Пензионерите во просек, земаат за 4.200 денари поголема пензија во споредба со 2021г. (разлика само за овие 2 год.).

Исплатата на средствата ќе започне до крајот на декември оваа година.

Прикажи повеќе

Поврзани вести

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Прегледај исто така
Close
Back to top button
Skip to content